Ракетен спор меѓу Русија и САД се заострува
26 октомври 2007Реклама
Во спорот меѓу Русија и САД, околу американските планови за изградба на анти ракетен штит во Источна Европа, и двете страни уште еднаш ги заострија позициите. Русија се закани дека ќе го обнови производството на ракети со краток и среден дострел. Работите околу овој систем би можеле да почнат наскоро, рече командантот на стратешките безбедносни сили, генерал Николај Соловтсов, неколку часа пред почетокот на денешниот самит меѓу Европската унија и Русија.