1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пласник ги критикува позициите на САД и Русија во однос на Косово

10 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BeF2

Шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник ги критикуваше позициите на САД и Русија во однос на идниот статус на Косово и предупреди од опасноста да се создаваат уште т.н. „студени конфликти“ во Европа. Според Пласник, времето за изнаоѓање на решение за статусот на Косово е сега. Ниту Србија, ниту Косово ќе се присоединат кон САД или Русија, туку кон Европската унија, потсети шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник.

Австрија инаку активно учествуваше во разговорите за изнаоѓање решение меѓу Белград и Приштина, кои една година се водеа во Виена со посредство на Марти Ахтисари.