ЕУ и САД работат на нова резолуција за Косово
11 јули 2007Реклама
Западните земји работат на нова предлог резолуција за Косово според која Белград и Приштина ќе добија четири месеци во кои треба да постигнат договор за идниот статус на Косово. Според текстот, ако преговорите пропаднат не се предвидува автоматски да се отвори патот за независност на покраината, велат дипломати од ОН. Белград се залага за продолжување на преговорите, додека косовската страна се уште не се изјаснила официјално за новиот предлог.