1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Претседател САД Џо Бајден
Претседателот на САД Џо БајденФотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance

САД забранија увоз на руска нафта

БГ /АП
8 март 2022

Претседателот Џо Бајден соопшти дека неговата влада ќе забрани увоз на руска нафта, засилувајќи ги санкциите кон Москва поради агресијата врз Украина. Цената за тоа ќе ја платат и Американците, призна Бајден.

https://p.dw.com/p/48Bkm

САД го направија првиот чекор кон целосна забрана на увоз на енергенси од Русија, додека Европа размислува како да ја намали зависноста од рускиот гас и нафта во екот на војната во Украина.

„Нема да ја субвенционираме војната на Путин“, соопшти Бајден објаснувајќи дека одлуката ќе биде „тежок удар“ за способноста на Кремљ да ја финансира војната. Тој притоа прифати дека и Американците ќе мораат да плаќаат повисока цена за горивото. 

„Одбраната на слободата ќе чини“. 

Бајден рече дека САД се координирале со европските сојузници, кои се далеку позависни од руските енергенси. ЕУ најави план за надминување на зависноста од руските енергенси, но спроведувањето на планот ќе трае неколку години. За разлика од САД кои се голем производител на нафта и гас, Европа е зависна од увозот на енергенси, и тоа 90% од гас и 97% нафта. Русија обезбедува околу 40% од европските потреби на гас и една четвртина нафта. 

Цената на гасот и нафтата сепак растат и во САД последниве недели, проследени со највисоката инфлација во последните 40 години. Цената на галон бензин од минатата недела досега порасна за повеќе од половина долар и достигна рекордни 4,17 долари. Одлуката на Бајден беше поддржана од обете партии во американскиот Конгрес и Сенат.  

Infografik Länder mit den meisten Ölreserven EN
Држави со најголеми резерви на нафта во светот

ЕУ ќе оди чекор по чекор  

Во Европа, германскиот канцелар Олаф Шолц се спротивстави на забраната за увоз на руските енергенси, објаснувајќи дека ЕУ нема друг начин да ги задоволи своите потреби, како за домаќинствата, така и за индустријата.

Велика Британија најави дека планира да се ослободи од увозот на руски енергенси до крајот на оваа година.

Првите луѓе на ЕУ разговараат на истата тема во Версај. Планот е Унијата да се ослободи од руските енергенси „далеку пред 2030 година“.
„Се согласивме да ја намалиме зависноста од рускиот гас, нафта и јаглен“, се наведува во нацртот на декларацијата од самитот. Намерата е тоа да се стори преку диверзификација на увозот на гас и развој на обновливите извори на енергија. Според проценките, на тој начин би можел да се намали рускиот увоз за две-третини до крајот на годинава.

„Мора да станеме независни од руската нафта, гас и јаглен. Не смееме да зависиме од добавувач кој експлицитно ни се заканува“, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Северна Македонија Протест

Кога градот престанува да биде Град

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница