По Киев, во Москва - германскиот канцелар Шолц меѓу два огна | Свет | DW | 15.02.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

По Киев, во Москва - германскиот канцелар Шолц меѓу два огна

Германскиот канцелар Шолц се обидува да посредува и да ги смири тензиите. Но, Русија инсистира на своите барања, а украинското раководство од канцеларот повторно бараше поддршка и оружје.

Разговорот меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот домаќин, украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше планиранo да трае еден час, но траеше речиси трипати подолго. Имаше многу за што да се зборува. Американските тајни служби предупредуваат на непосреден напад од Русија. По САД, и други западни држави, вклучувајќи ја и  Германија,  ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина. Претседателот  Зеленски за тоа нема разбирање, вели дека своето семејство не го испратил надвор од земјата. „Моето семејство е со мене, секогаш во Украина“, изјави на заедничката прес-конференција.

Пари да, оружје не

Канцеларот Шолц зборуваше за „многу сериозни времиња“ и пренесе – Германија е на страната на Украина. „Ниедна земја во светот во изминатите осум години не ја поддржуваше Украина толку силно финансиски како Германија. Со повеќе од две милијарди долари ја направивме украинската економија поотпорна и понезависна од странски влијанија“, изјави Шолц.

Тој во Киев донесе најава за нова економска помош од триста милиони евра, но остана при одбивањето за испорачување оружје, а не го спомена ни гасоводот Северен тек 2. „За сојузната влада е јасно дека нова воена агресија против Украина би имала тешки политички, економски и геостратешки последици по Русија. Тоа ќе го нагласам и во Москва“. 

На Зеленски тоа не му беше доволно. Тој истакна дека јакнењето на одбранбените капацитети на Украина е добивка за цела Европа, зашто станува збор за безбедносна архитектура на континентот. „Многу ни е важно да можеме да набавиме воена техника и видови на вооружување вообичаени во НАТО“, изјави Зеленски.

Поради одбивањето да испорача оружје, угледот на Германија во Украина во последните недели доста опадна. Се создаде впечаток дека Германија не е е сојузник во кој може да се има доверба.

Северен тек 2  го гледаме како закана и геополитичко оружје“, изјави украинскиот претседател, додека Шолц слушаше, а не оддаде со мимика свое мислење.

Наспроти тоа, Зеленски видно беше немирен кога Шолц зборуваше за Донбас, кој е под контрола на проруските сепаратисти. Иднината на тој регион е дефинирана со спогодбата од Минск, која Украина одбива да ја спроведе. „Претседателот во разговорот уште еднаш ми потврди дека ќе поднесе предлог закони за посебен статус, промена на Уставот и изборното право за натамошни разговори во форматот од Минск“, изјави Шолц. Зеленски тоа го премолче.

Ukraine | PK Selenskyj und Scholz in Kiew

Олаф Шолц и Володимир Зеленски во Киев

Зеленски не можеше да биде одушевен ни околу прашањето за евентуаелн влез на Украина во НАТО, што е желба на граѓаните, како што рече. Канцеларот одврати дека вратата на НАТО во суштина е отворена, но членството на Украина „практично воопшто не е на дневен ред.“

„Затоа е малку чудно да се гледа како руската влада предизвикува голема политичка проблематика од нешто што практично воопшто не е на дневен ред“, рече Шолц. На тоа Зеленски дополни дека отворената врата на НАТО „за нас е можеби сепак сон“ и којзнае кога тоа ќе се случи.

Путин прашува, Лавров одговара

Шолц ја повтори западната позиција, според која на Москва нема да ѝ бидат пружени гаранции дека Украина никогаш нема да влезе во НАТО, но изјави: „Спремни сме за сериозен дијалог со Русија за прашањата на европската безбедност“. Додаде и дека Москва би требало да одговори на предлозите од НАТО и САД, како и да ги искористи постојните понуди за дијалог.

За тоа време, телевизијата во Русија го прикажуваше претседателот Владимир Путин во разговор со својот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. „Има ли шанса да дојдеме до спогодба со нашите партнери за важните прашања или ова е само обид да нѐ вовлечат во бескраен преговарачки процес“, праша Путин.

Од дугата страна на долгата маса, Лавров одговори: „Како шеф на Министерството за надворешни работи морам да кажам дека секогаш постои шанса.“ Руските опции „ни оддалеку не се исцрпени", рече министерот, додавајќи дека преговорите „не треба да се поддржуваат во недоглед, но предлагам да ги продолжиме и да ги зајакнеме.“

Шолц ноќеска се врати во Берлин, од каде денеска претпладне треба да одлета за Москва. И таму, како и во Украина, е планирано полагање венец на Гробот на незнаен војник. Од кругови блиски на владата во Берлин се слуша дека овој гест треба да покаже дека посетата на германскиот канцелар, без оглед на поводот, не може да се издвои од историскиот контекст.

Гледај видео 02:56

Живот со конфликт во украинското погранично село Хранитне

Разговорите на Шолц во Кремљ со Путин, според протоколот, би можеле да траат пет часа.

Русија веќе со недели има стационирано повеќе од сто илјади војници во близина на границата со Украина. На тоа се надоврзуваат единиците кои се во  Белорусија,  на заеднички воени маневри.

Според Пентагон, тие трупи се добро опремени, а покрај пешадија, има тенкови, специјални единици, воздушни сили, противракетна одбрана...

„Воените активности на Русија на украинската граница за нас се неразбирливи. Не постојат разумни причини за такви воени маневри“, изјави Шолц во Киев.

Затоа, рече тој, ќе го потсети Путин на последиците од можна инвазија. „Ако Русија повторно го повреди територијалниот интегритет на Украина, знаеме што ќе мора правиме“, заклучи Шолц.