1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиВенецуела

Напад на САД врз Венецуела: Осуда, но, и воздржани реакции

СН/агенции | АРД
3 јануари 2026

Сојузниците и пријателските земји на Венецуела остро го осудија ненадејниот напад на САД врз јужноамериканската земја. Западните земји реагираат воздржано.

https://p.dw.com/p/56GpK
Пожар по експлозија во Каракас. Чад и пламени се креваат кон небото.
САД извршија серија воздушни напади во Венецуела и го заробија претседателот Николас МадуроФотографија: STR/AFP

Русија остро го осудивоениот нападнаСАДврзВенецуела.Постапката е „крајно вознемирувачка и неприфатлива“, објави руското Министерство за надворешни работи. „Нема оправдување за оваа вооружена агресија.“ Во соопштението на руското министерство не се споменува претседателотНиколас Мадуро,иако Москва ја повтори својата „солидарност со венецуелскиот народ“. Венецуела е најважниот сојузник наРусијаво Јужна Америка, но Москва не вети поддршка во случај на американски напад.

Уништено возило со систем за противвоздушна одбрана во Каракас
Ширум Каракас видливи последиците од американските воздушни нападиФотографија: Leonardo Fernandez Viloria/REUTERS

Куба: „Криминален напад“

Претседателот наКуба, Мигел Дијаз-Канел ја нарече акцијата на САД „криминален напад“ врз сојузничката јужноамериканска земја. „Нашата зона на мир штотуку беше брутално нападната“, напиша претседателот на социјалистичката карипска нација на мрежата X. Дијаз-Канел ја повика меѓународната заедница итно да реагира. Станува збор за „државен терор против храбриот венецуелски народ и против нашата Америка“. Во текот на ноќта помеѓу петок и сабота, САД нападнаа цели во Венецуела и, според претседателот на САД,Доналд Трамп,гизаробилепретседателот Николас Мадуро и неговата сопруга.

Иран бара реакција од ОН

Иран, исто така, остро ја осуди воената акција на САД. Тоа е „грубо кршење на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, објави иранското Министерство за надворешни работи.

Иран го повика Советот за безбедност на ОН „веднаш да реагира за да ја запре незаконската агресија“ и повика на одговорност на сторителите. Иран се смета за близок сојузник на Венецуела.  

Западните земји воздржани

Засега, западните земји избегнуваат отворени критики. Шефицата на дипломатијата наЕУ,Каја Калас, ги повика САД на воздржаност. „ЕУ повеќепати нагласи дека господин Мадуро нема легитимитет и се залага за мирна транзиција“, напиша таа на платформата X. „Под сите околности, принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН мора да се почитуваат. Повикуваме на воздржаност“, додаде таа, без директно да ги критикува САД. 

И претседателката наЕвропската комисија се придружи на хорот европски реакции во кои се вели  дека „многу внимателно“ ја следат ситуацијата во Венецуела по американските напади.

„Ние стоиме зад народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција“, напиша Урсула фон дер Лајен во X. „Секое решение мора да го почитува меѓународното право и Повелбата на ОН“.  

Берлин: „Ги следиме случувањата со најголема загриженост“

Министерство за надворешни работи наГерманија ги следи актуелните вести од Венецуела со најголема загриженост и е во постојан контакт со амбасадата во Каракас, се наведува во писменото соопштение од министерството. Во текот на денот треба да се состане и кризниот штаб на германската влада во Министерството за надворешни работи.

И Венецуела бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Министерството за надворешни работи на Венецуела објави дека бара состанок на Советот за безбедност наОбединетите нации за да се разгледаат нападите на САД.
„Соочени со криминалната агресија извршена од владата на САД против нашата татковина, побаравме итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, кој е одговорен за почитување на меѓународното право“, напиша венецуелскиот министер за надворешни работи Иван Гил на социјалната мрежа Телеграм.
Претходно, потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека локацијата на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга е непозната. 
 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи