Интеграцијата во НАТО и ЕУ приоритети за Македонија
22 декември 2008Македонија доби поддршка од Турција во напорите за членство во НАТО. Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Ќоксал Топтан, денеска се обрати во македонскиот парламент. Притоа, тој истакна дека природно право на Македонија е да се интегрира во евроатлантските структури што е можно побргу. Топтан, во рамките на официјалната посета на Македонија, подвлече дека Турција придава големо значење на мирот и на стабилноста на Балканот.
Интеграциите во НАТО и ЕУ се приоритети што стојат и пред македонскиот амбасадорски тим во наредната 2009 година. Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на оваа тема, како и за спорот помеѓу Македонија и Грција, во Скопје разговараше со 40-тина амбасадори и конзули на Македонија ширум светот.