1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разочарување и загриженост во Иран

ЖА / агенции
9 мај 2018

Откако САД одлучија да го напуштат Нуклеарниот договор со Иран, Техеран засега сепак ќе продолжи да се придржува кон него, но глас креваат хардлајнерите, во иранскиот парламент беше запалено американско знаме.

https://p.dw.com/p/2xPrS
Iran Parlament Protest gegen US-Austieg aus dem Atomabkommen
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Одлуката не е конечна, таа ќе зависи и од ставот на другите партнери во договорот, но Иран засега ќе се придржува сепак на Нуклеарниот договор, се вели во Техеран. Иранскиот претседател Хасан Рохани најави скори консултации со останатите потписници на спогодбата - Германија, Франција, Велика Британија, Русија и Кина, околу одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Но, Рохани се закани и со повторно засилување на облагородувањето ураниум во Иран, обвинувајќи го Доналд Трамп за водење „психолошка војна“.

Трамп: Договорот со Иран е дефектен во сржта

Шефот на влијателната Револуционерна гарда пак, по одлуката на Трамп за напуштање, практично го смета Нуклеарниот договор за мртов. Европејците се премногу тесно поврзани со Американците за да можат да донесат самостојна одлука, изјави генерал-мајорот Мохамед Али Џафари за иранската новинска агенција Фарс Њус. 

Повеќе: 

ЕУ не сака да крене раце од договорот со Иран

Укинување на Атомскиот договор: кои се опциите на Техеран

Во знак на протест против американското напуштање на меѓународната Атомска спогодба, одделни пратеници во иранскиот парламент запалија американско знаме. Иранската новинска агенција Исна јавува дека станува збор за група хардлајнери, кои запалиле симболично и копија на Атомскиот договор, што се гледа и на лиферувани фотографии од агенцијата. Во иранскиот парламент има 290 пратеници. Хардлајнерите таму од почеток беа против договорот склучен во 2015. година во Виена, а го критикуваат и претседателот Рохани, еден од неговите архитекти. Договорот предвидува воздржување на Иран од создавање атомско оружје, а за возврат олабавување на економските санкции кои се воведени против земјата.