САД: Закана од масивно странско мешање во претседателските избори | Свет | DW | 08.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД: Закана од масивно странско мешање во претседателските избори

Директорот на американската контраразузнувачка служба изнесе загриженост поради масивното мешање на Кина, Русија и на Иран во годинешниве претседателски избори во САД. Секоја земја следи свои цели

Во невообичаена официјална објава, директорот на Националниот контраразузнувачки и безбедносен центар, Вилијам Еванина, порача дека Кина, Русија и Иран шират дезинформации на интернет и користат други начини во обид да влијаат врз гласачите, да предизвикаат немири и да ја поткопаат довербата на американските гласачи во демократскиот процес.

Еванина оцени дека Кина се надева оти претседателот Доналд Трамп нема да биде избран за втор мандат, дека Русија работи на тоа да го оцрни демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, а Иран настојува да ги подрие демократските институции.

Trump FBI Interim Director William Evanina

Вилијам Еванина

Тој во соопштението даде најнова проценка на американските разузнувачки агениции околу изборните закани за претстоечките претседателски избори.

„Многу странски актери имаат став околу тоа кој би сакале да победи на претстоечките избори, кој го изразуваат низ јавни и приватни изјави, напорите за прикриено вршење на влијание се поретки“, изјави Еванина, директор на Националниот безбедносен центар за контраразузнувачки прашања.

Повеќе:

-Доналд Трамп и Берни Сандерс - Москва ги сака и двајцата

-Вашингтон во исчекување на резултатите од конечниот извештај на Мулер

-САД: Русија замешала прсти во претседателските избори

„Ние пред сѐ сме загрижени поради постоечките и потенцијалните активности на Кина, Русија и на Иран“, вели тој.

Повеќекратните проверки на американските разузнувачки агенции во 2017 година резултраа со заклучокот дека Русија во изборната кампања во 2016 година делувала за да ја зајакне позицијата на сегашниот американски претседател Доналд Трамп, а ги поткопала шансите на неговата ривалка Хилари Клинтон.

Русија ја негира вмешаноста, а Трамп секогаш се мурти кога ќе го слушне тоа.

 

Реклама