САД и Северна Кореа ќе разговараат за подобрување на односите
14 август 2007Реклама
САД и Северна Кореа наредниот месец планираат да одржат средба на која ќе разговараат за нормализирање на односите. Американскиот претставник во шестпартитните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореа, Кристофер Хил, изјави дека Пјонгјанг, предложил разговорите да се одржат во трета земја. Во четврток во кинескиот град Шенјанг треба да продолжат шестпартитните преговори за нуклеарно разоружување на Северна Кореа.