1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Растат тензиите меѓу Украина и Русија

СН/агенции
2 април 2021

Со оглед на кревкото примирје во источна Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден. Русија претходно ги предупреди Западот и НАТО.

https://p.dw.com/p/3rXNp
Ukraine Odessa Präsident Wolodymyr Selenskyj
Фотографија: picture-alliance/TASS/K. Sazonchik

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска ја истакна поддршката на САД за Украина. Во разговорот со украинскиот претседател, Володимир Зеленски (насловна фотографија), прв по извештаите за разместување на руските трупи на источната граница на Украина, Бајден ја потврди „непоколебливата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина пред руската агресија која е во тек“, наведе Белата куќа во соопштението.

САД и Украина наведуваат дека Русија ги засилува тензиите во источна Украина каде сепаратистите, кои ги поддржува Русија, се борат против украинските сили од 2014 година. Русија негира воено присуство на истокот на Украина.

Пентагон во минатата недела ја обвини Русија дека го крши запирањето на огнот од 2020 година и го наведе конфликтот од 26 март кога загинаа четворица украински војници од руски минофрлачки напад, како што тврди украинската војска.

Ukraine Frontposition der ukrainische Armee bei Nowoluhanske
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zuma Wire/Ukrinform/M. Lyseiko

Во порака на Твитер, по разговорот со Бајден, Зеленски напиша оти Украина и САД се заедно во зачувување на своите демократии и го нарече партнерството со САД „пресудно“ за Украина.

Повеќе:

-Украина: Поделени чувства по размената на затвореници со Русија

-Русија и Украина разменуваат затвореници

-Зошто Украинците треба да станат „нови Руси“?

Бајден, исто така, нагласи оти е посветен на ревитализација на стратешкото партнерство меѓу двете земји и оти ја поддржува борбата на Зеленскипротив корупцијата и промовирањето на демократски реформи, наведе Белата куќа.

Зеленски и Бајден разговарале и за соработката за зајакнување на демократијата во Источна Европа и во сузбивањето на пандемијата со Ковид-19, се додава во американското соопштение.

Русија претходно предупреди на војниците на НАТО кои ја поддржуваат владата во Киев. „Таквото сценарио несомнено би довело до натамошни тензии во близина на руските граници“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во Москва. „Се разбира, руската страна тогаш ќе мора да преземе дополнителни мерки за да ја осигури нивната безбедност“. Песков не прецизираше што значи: „сè што е потребно“.

Причина за руската реакција се изјавите од  украинското министерство за одбрана дека САД ветиле поддршка „во случај на ескалација“. Само пред една недела четворица владини војници беа убиени во завојуваниот регион. Најнапред беше речено дека војниците биле убиени во минофрлачки напад на проруските сепаратисти. Подоцна министерството за одбрана во Киев ја смени својата верзија. Врховниот командант Руслан Комчак зборуваше во парламентот за снајперисти кои пукале во грб на војниците.

.