1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
EU und Russland führen Gespräche über Visafreiheit für russische Staatsbürger
Фотографија: DW

Зеленски го поздрави предлогот за забрана за визи за Русите

ЕМФ | агенции
15 август 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави предлогот за забрана за визи за влез на руски државјани во Европската унија.

https://www.dw.com/mk/zelenski-go-pozdravi-predlogot-za-zabrana-za-euvizi-za-rusite/a-62806432

Дискусијата за евентуален предлог од страна на чешкото претседателство станува „од ден во ден“ сѐ поинтензивна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање околу забраната за ЕУ-визи за Русите. Според Зеленски, дискусијата би требало да доведе до „соодветни одлуки“.

По Естонија и Летонија, сега и Полска размислува за ограничување на можностите за визи за руски државјани. Одлуката се очекува во текот на наредните недели. Полскиот заменик министер за надворешни работи Пјотр Вавржик изјави дека Полска се залага за натамошни санкции против Русија, меѓу кои и суспензија на договорот за олеснето издавање визи за руски државјани. „Меѓутоа, на тоа се спротивставуваат големите држави членки, меѓу кои и Германија, Франција и Холандија“, рече Вавржик.

Германија и Европската комисија во Брисел отфрлаат генерално стопирање на туристичките визи за Русите. Естонија минатата недела донесе одлука од 18 август да не дозволува влез на руски државјани со Шенген-виза. Исклучок ќе бидат Русите чија татковина е Естонија или оние кои имаат постојан престој во таа земја. Има и други исклучоци, како посети на роднини во Естонија, а и натаму ќе можат да влегуваат и Русите кои добиле ЕУ-виза во некоја друга држава на Унијата.

- повеќе: Русите непожелни во Европа?

Летонија го ограничи издавањето визи за Русите на неопределено време. Летонската амбасада во Москва ги прифаќа само барањата за визи на руските државјани кои треба да заминат на погреб на блиски роднини во Летонија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Цар Борис Трети Охрид

„Цар Борис Трети“ внесе немир во Охрид

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница