1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

ЖА
2 мај 2024

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира.

https://p.dw.com/p/4fQOg
Украина војна Русија
САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војскаФотографија: Yasuyoshi Chiba/AFP/Getty Images

Русија го користи хемиското оружје хлорприкрин против украинските војници, спротивно на Конвенцијата за  хемиско оружје, соопшти Стејт департментот во средата вечерта. Освен тоа, Русија исто така користи иританти како средство за војување во Украина. Ова е исто така прекршување на Конвенцијата за хемиско оружје. Употребата на такви хемикалии не е изолиран случај. Руските трупи веројатно сакале да ги потиснат украинските сили од утврдените позиции и да направат тактички напредок на бојното поле, соопшти американскиот Стејт департмент.

Русија објави дека повеќе нема  воен хемиски арсенал.  Сепак, земјата е под притисок да создаде поголема транспарентност за наводната руска употреба на  токсично оружје.

Според американскиот национален институт за здравје (НИХ), хлоропикринот се користи како борбен агенс и како пестицид. Постои здравствен ризик при вдишување.

Русија ги отфрли американските наводи за  употреба на хемиско оружје во Украина.  Наводите се „целосно неосновани“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков во четвртокот во Москва. Русија ги исполнува своите „обврски според меѓународното право“ во оваа област.

Во меѓувреме, Вашингтон воведе нов пакет санкции против поддржувачите на руската агресорска војна против Украина. Како што соопшти американското Министерство за финансии, казнените мерки се насочени кон околу 300 лица и компании. Засегнати се компании од Русија, Кина и други земји кои се обвинети дека ѝ помагале на Москва да набави оружје и воена опрема за војната во Украина.