1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија ги обвинува САД за „индиректна војна“

ЕМФ | агенции
22 декември 2022

Кремљ реагира остро на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон и ги обвинува САД за водење „индиректна војна“.

https://p.dw.com/p/4LKl0
Дмитри Песков САД војна
Песков: САД ја продолжуваат својата линија на де факто индиректна војна со Русија Фотографија: Alexei Nikolsky/Pool Sputnik Kremlin/AP/dpa/picture alliance

По посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, Русија ги критикува остро и Украина и САД. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, смета дека посетата на Зеленски на Вашингтон ја покажува неподготвеноста за преговори со Русија. „Со жалење мора да констатираме дека досега ниту претседателот Бајден ниту претседателот Зеленски не рекоа нешто што би можело да се нарече потенцијална подготвеност за да се слушне Русија“, нагласи Песков.

Според него, во текот на посетата на Зеленски на САД немало „вистински мировни апели“. Тоа однесување на САД покажува „дека САД ја продолжуваат својата линија на де факто индиректна војна со Русија до последниот Украинец“, изјави Песков.

Слична изјава претходно даде и рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, кој ги обвини САД за водење „заменска војна“ против Русија. Тврдењето на американската влада дека не сакаат конфронтација со Русија не е ништо друго освен „празни зборови“, зашто ниту Украина ниту САД не покажале подготвеност за преговори и наместо тоа шират „лаги“ дека Русија не е заинтересирана за мирно решение на конфликтот, тврди Антонов. 

Посетата на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон беше негово прво патување во странство откако е почната руската инвазија.