1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Руските нафтени полиња Јамашинскоје во регионот Алметјевски
Руските нафтени полиња Јамашинскоје во регионот АлметјевскиФотографија: Yegor Aleyev/ITAR-TASS/IMAGO
КонфликтиРусија

Дали новите санкции навистина ќе ѝ наштетат на Русија?

Холгер Бекман | АРД
5 декември 2022

Од денеска стапуваат во сила ембаргото на нафта и ограничување на цената на нафтата. Тие треба да извршат дополнителен притисок врз руската економија. Но, дали мерките навистина ќе ја доведат Москва во теснец?

https://p.dw.com/p/4KTEN

Две нови санкции од денеска треба да имаат влијание врз Русија - нафтеното ембарго и огрничувањето на цената на нафтата. Двете мерки се дело на ЕУ - нафтеното ембарго беше усвоено уште доцна летоска, а за ограничувањето на цената на нафтата договор падна пред неколку дена заедно со членките на Г7. Од сега натаму руска нафта веќе не смее да дојде со бродски транспорт во пристаништата ширум ЕУ.

За да се спречи руска нафта да биде транспортирана со помош на европски бродови - како на пример грчки или кипарски - треба да помогне меѓународно договорената највисока цена од 60 долари за барел, а истовремено е забрането бродско осигурување или транспорт ако се бара повисока цена од наведената. Повеќе од тоа ниту ЕУ, ниту Г7 нема веќе да и плаќаат на Русија. Ембаргото и ценовното ограничување повторно треба да ја погодат руската економија. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, е убедена дека мерките ќе ја постигнат целта, а ценовното ограничување според неа и севкупно ќе ја стабилизира цената на нафтата. Конечно, утврдена е максимална цена од што ќе профитираат и послабите земји бидејќи ќе може да набавуваат поефтина нафта.

Уверена дека новите санкции против Русија ќе ја постигнат целта: претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен
Уверена дека новите санкции против Русија ќе ја постигнат целта: претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер ЛајенФотографија: Philipp von Ditfurth/dpa/picture alliance

Како реагира Русија?

На меѓународен план се страхуваше дека поради нафтеното ембарго може да дојде до раст на цените бидејќи понудата ќе биде кнап. Но, и со воведувањето ограничување на цената такво сценарио не е сосем невозможно. Јеримин Цетелмајер, шеф на економскиот тинк-тенк “Бројгел” од Брисел, вели дека тоа зависи од реакцијата на Русија. „Ако Русија возврати и испорача помали количини ќе има покачување на цените - во спротивно ќе останат исти, или ќе се намалат." До сега никој не може точно да процени како Русија ќе реагира. И од Кремљ се вели дека нема да го прифатат таквиот чекор. Во ОПЕК не мислат дека во иднина на светскиот пазар ќе има помалку руска нафта.

Зависни од приходите од нафтениот бизнис

Точно е дека државата и системот Путин се зависни од нафтениот бизнис, дури и за финансирање на војната против Украина. Факт е дека во октомври ЕУ увезувала 1,5 милиони барели сирова нафта дневно од Русија според информации на Меѓународната енергетска агенција. Ако тие количини во иднина отпаднат, тоа можеби ќе го зголеми притисокот врз цените со нагорен тренд, но само во случај Русија да го намали производството на нафта и понудата на глобалните пазари. Но, со 60 долари за барел како горна цена не се страхува од такво сценарио, бидејќи цената одговара на тоа за колку и де факто моментално се продава руската нафта. Минатата недела на пример цената во просек изнесуваше 65 долари за барел.

Руски танкер со нафта
Руски танкер со нафтаФотографија: picture alliance/AP

Дали Русија навистина ќе страда?

Тоа нѐ води до прашањето дали нафтеното ембарго и ограничувањето на цените навистина ќе и наштетат на Русија. Не, тоа можеше да биде постигнато само со пониска горна цена, смета економистото Цетелмајер - а, на тој став се и Полска, балтичките држави и Украина. Дали горната цена ќе остане 60 долари за барел, е неизвесно. Во Г7 и во Брисел со големо внимание ќе се следи развојот на настаните за да може, ако постои потреба, да се направат корекции. Брзо растечки цени на нафтата барем на глобалната економија во моментов воопшто не и се потребни.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Хатај Турција Земјотрес

Турција: Надежта прераснува во очај

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница