Путин ќе преговара со САД и НАТО до својот следен потег | Свет | DW | 12.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Путин ќе преговара со САД и НАТО до својот следен потег

Доколку Русија и натаму планира да ја нападне Украина, мора во секој случај да изгледа дека тоа е последица на непопустливоста на Западот, смета Константин Егерт.

„Кратко резиме на разговорите во Женева: можеше да биде и полошо". Семјуел Шереп, експерт за Русија во американската РАНД-корпорација и еден од најгласните во Западот кој се залага за „излегување во пресрет на Путин", со овие зборови се обиде на разговорите меѓу американската и на руската делегација во понеделникот (10.01) да им даде позитивна конотација и насока. Но, и тој не беше во право.

Временскиот план на Путин

Јасно беше дека Кремљ никогаш нема да дозволи толку брзо да пропаднат разговорите со САД и со НАТО околу барањата на Путин, посебно во однос на „безбедносните гаранции“. Путин е познат по тоа што го негува својот имиџ на непредвидливот и опасност, но тој истовремено знае дека, доколку сака да изгледа убедливо, мора да игра според правилата на меѓународната државничка уметност. Затоа мора да ги стави на проба своите напори за убедување на своите западни противници.

Дури и ако тој и натаму планира напад врз Украина, мора да го камуфлира како резултат на западната непопустливост. Зашто, само на тој начин може да се оправда пред руската јавност, како и пред оние на Запад кои уште се спремни да ги слушаат неговите аргументи.

За денеска (среда) е планирана седница на Советот НАТО – Русија во Брисел, а за утре уште една со ОБСЕ. За Москва меѓутоа првостепено значење имаат разговорите со САД од понеделникот. Со прилична сигурност може да се предвиди дека ќе има уште многу рунди дипломатски разговори, пред Путин да реши да го исклучи штекерот – или да ги продолжи разговорите, ако има чувство дека ќе се исполнат барем дел од неговите желби.

Без компромиси

Претставникот на Путин во Женева, заменикот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, по завршувањето на разговорите со својата американска колешка по функција, Венди Шерман, изјави дека Москва и натаму очекува од НАТО „недвојбени гаранции“ дека НАТОникогаш нема да ги прими Украинаи Грузија за членки и дека ќе ги ограничи своите активности во централна Европа и во Балтичките држави. Руските официјални лица постојано повторуваат дека за овие барања не може да има никаков компромис. Но, американските претставници овие барања континуирано ги отфрлаат како неприфатливи. 

von Eggert Konstantin Kommentarbild App

Константин Егерт

Вашингтон инсистира на тоа за Украинада не се дискутира без Украинците, а за НАТО без сите сојузници. САД се подготвени со Москва да разговараат само за двострано намалување на бројот на воени маневри, како и за „мерки за градење доверба“, дипломатски поим за транспарентност и постапка на пријавување заради избегнување на воени судири.

Американците се чини се подготвени да разгледаат и шанса за нов договор за ракети со среден дострел, кој би бил на место на договорот од кој САД се откажаа во 2019 година, откако тврдеа дека Русија го прекршува.

Кремљ меѓутоа тврди дека овие прашања немаат ништо заедничко со безбедносните гаранции. Рјабков затоа ги отфрли сите обиди на САД да вршат притисок за повлекување на стационираните руски војници на украинската граница.

Опциите на Кремљ

На Путин, како на искусен политичар, реакцијата на САД му беше јасна, уште пред во декември да го постави својот ултиматум. Она што тој сака е или целосен неуспех на разговорите со САД и НАТО, за да може да ѝ се закани на Украина и да ги признае таканаречените „народни републики“ Доњецк и Луганск, или пак се обидува да присвои натамошна украинска територија, додека истовремено тврди дека тоа е последица на непопустливоста на Западот. Се разбира, тоа ќе води кон натамошни меѓународни санкции, но Путин сигурно во меѓувреме дошол до заклучок дека Русија може да ги издржи.

Друга опција за Кремљ би била проширување на преговорите со САД и нивните европски сојузници и третирање и на теми како руската поддршка во сузбивањето на талибанската закана во Централна Азија или пак работа на новиот Атомски договор со Иран. Тогаш Русија би можела да достави нова редица модифицирани барања, кои би се концентрирале и на Украина и НАТО.

Москва, освен тоа, може да се надева дека нејзините европски застапници ќе пледираат за поголеми отстапки. Претстојните разговори со новиот германски канцелар Олаф Шолц нудат можност за тестирање на цврстината на најважниот американски сојузник во Европа.

Не е веројатно дека Путин едноставно ќе се задоволи со стандардното мени на американско-руските разговори за разоружување, зашто Американците и инаку би разговарале со него за тоа.