Подводен гасовод, кој ќе ги поврзе Германија и Русија
8 септември 2005Преку водот ќе се транспортира земјин гас од полето Јушно Рускоје во западен Сибир кон Германија и евентуално Калинград и Велика Британија. Со капацитет од околу 25 милијарди кубни метри гас годишно, цевките би можеле да покријат околу една третина од вкупите годишни потреби на Германија.
Ова е невообичаен проект: Гасоводот кој чини 2,4 милијарди евра и минува низ Балтичкото море е речиси двојно поскап отколку што би чинел нафтовод под земја. Економски не се чини дека има многу смисла, дотолку што веќе постојат два нафтоводи меѓу Германија и Русија под има„ Поларна светлина “ и „Братство“ и кои можат поволно да бидат изградени. Роланд Гетц, раководител на истражувачката група Русија ГУС од фондацијата Наука и Политика во Берлин
„Причините за тоа зашто се гради подводниот нафтовод во случајов се состојат во тоа што не се минува низ трети земји. Постои директна поврзаност меѓу произведувачот и потрошувачот во случајов Русија и Германија, се заштедуваат таксите за транзит и се исклучува теоретската можност, намерен прекин на нафтоводот од страна на трета држава.“
Во минатото ова се случило само еднаш и тоа само за неколку часови, кога Белорусија ги затвори вентилите за гас, сакајќи да го стави под притисок рускиот концерн Гаспром поради преговорите. Потежок случај е што Украина минатата година зема повеќе гас отколку што плати. Сепак е невообичаено поради ваквите причини да се започнува инвестиција која чини 1,2 милијарди повеќе. Се појавува и прашањето која е причинита двете германски фирми Е – он Рургас и БАСФ Винтерсхал да го започнат проекотот со Гаспром . Роланд Гец
„ Очигледно се ветуваат некакви предности, кои не се сосема јасни. Повеќе станува збор за тоа да се започне соработка со Гаспром.“
Незадоволство поради гасоводот покажува Полска. Новиот европски партнер се чувствува “ прескокнат“.
„Сето е повеќе вознемиреност, отколку стручно аргументирање. Имено овој нафтовод нема да ги измени енергетските односи меѓу Германија и Русија и Германија и Европа. Овие широки енергетски односи добиваат нов фактор“