Моја Европа: Источноевропејците го сакаат Трамп | Свет | DW | 10.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Моја Европа: Источноевропејците го сакаат Трамп

Зад гадењето од Трамп во Западна Европа се крие длабок антиамериканизам. Во Источна Европа Трамп поминува подобро, зашто таму и на САД се гледа попозитивно.

Изјавите на Трамп често се шокирачки, вулгарни и- точни, смета американскиот конзервативен публицист Такер Карлсон. Тој тоа го почувствувал на сопствена кожа, кога се подбивал на сметка на косата на Трамп. Претседателот пак контрирал: фризурата на Карлсон навистина е подобра, но тој, Трамп, има повеќе секс (слободен превод на оригиналот: I get more pussy)  . Како само човек може да каже нешто такво, се чудел Карлсон, но морал да признае - Трамп има право.

Кај нас во Источна и Централна Европа вакви работи се изговараат како добро утро, а и нашите политичари можат да бидат вистински неизделкани. На пример изјавата на чешкиот претседател Милош Земан во една прилика, дека „екологистите треба човек да ги изгори, да уринира врз нив и да ги посоли остатоците“. Или полскиот моќник Јарослав Качински, кој мигрантите ги нарече носители на „паразити и протозони (едноклеточни организми).  

Источна Европа го симпатизира Трамп

Тоа можеби е причина што Трамп во Источна Европа е подобро прифатен отколку кај Германците. Ние сакаме провокација, мажи кои имаат храброст јасно да се изразуваат, а ако се груби, дотолку подобро. Но тоа што Трамп во Источна Европа го прифаќаат подобро отколку во западната ЕУ, не е само поради неговиот стил. На Исток го сакаат зашто ја сакаат Америка. Во старата ЕУ Америка во принцип ја сакаат помалку, иако таму себеси, необично, се сметаат за „Запад“. А Запад, ние на Исток знаеме, се Америка и Англија. Само тие две земји се спремни во нужен случај да се борат за слобода. Остататокот е со бирократија и регулациски фетишизам опседната, во случај на опасност кукавичка, континентална Европа, чии интелектуални елити многу би сакале да успееја да го спречат бившиот претседател на САД, Роналд Реган, да победи во Студената војна.

Во Западна Европа присутната скепса кон Трамп (и кај Германците) е мерлива. На пример, во Германија, според анкета на истражувачкиот институт Пју, само 30 проценти Германци и 38 проценти Французи поседуваат позитивна слика на САД. Но, затоа таква слика имаат 70 проценти од Полјаците и 63 насто од Унгарците. Работата тргнува накај шизофренија ако погледнеме каква им е сликата за Кина. За 54 проценти Германци, таа е позитивна. На комунистичка, диктаторска Кина се гледа попозитивно отколку на демократските САД. Во Полска и во Унгарија е обратно. Сепак, 58 насто Германци би сакале САД да бидат водечка сила, а само 6 проценти тоа да биде Кина.

Polen Rede US-Präsident Donald Trump in Warschau (Reuters/C. Barria)

Полјаците одушевено го пречекаа Трамп во 2017. година

Чудење за германските ставови

Од тие причини понекој овде во Источна и Централна Европа се запрашува: што се случува во главите на Германците? Кај нас сликата за Америка и мислењето за Трамп се две различни работи. Кај Германците и воопшто во Западна Европа - не. Довербата кон Трамп во Источна Европа (околу 35 насто) е поголема отколку на Запад  (10 проценти), но и кај нас е ограничена, колку и да им се допаѓа на многумина кога тој ќе ги засучи ракавите. Резултатите на студијата Пју покажуваат дека и Барак Обама кај нас бил покредибилен. Но, позитивната слика за САД не е променета и кога кредибилноста на Трамп опадна во очите на нас, „Источњаците“. На Запад е поинаку. Таму САД за време на претседателот Буш помладиот беа лоши, за време на Обама - одлични, а со Трамп на чело се повторно за осуда. Од тоа произлегува заклучок дека ние на Исток размислуваме пореалистично.

Стилот на Трамп? Тоа е вистински карактер. Ние сакаме карактерни луѓе. Неговиот став за миграцијата? Ние на неа гледаме на ист начин. Неговата политика „Америка на прво место“? И кај нас е така - Орбан вели: „Унгарија на прво место“, а во Варшава велат „Полска на прво место“. Но, бидејќи ни Унгарија ни Полска не се Америка, тоа значи и дека на Трамп не треба да му се верува, нему не му е важна нашата добробит туку добробитта на Американците. А нам не ни е важно неговото добро, туку нашето. Тоа е нормално и искрено.

Други колумни од авторот: 

Моја Европа: Нова студена војна

Моја Европа: Исток и Запад- два погледа на реалноста

Моја Европа: Пари за добрите, казни за лошите?

САД како гарант за Источна Европа

Прашањето кое се поставува во Централна и Источна Европа ( а очигледно помалку во Западна Европа) гласи: каде нашите интереси се поклопуваат , а каде не? Трговската војна на Трамп против ЕУ? Ни штети и нам, зашто и ние сме во ЕУ. Политичко слабеење на ЕУ? Тоа може да ни помогне, зашто западните Европејци нас нѐ принудуваат на постапки кои ги отфрламе. Значи, треба да се браниме онаму каде Трамп и САД нѐ загрозуваат, а да се биде добар со него онаму каде тоа ни носи нешто позитивно, значи, треба да се бараат прагматични компромиси.

Потемелно Трамп ја застапува идејата САД да останат најмоќна сила во светот. Make America great again! Тоа е најсилна гаранција за нашата безбедност која воопшто можеме да си замислиме. Америка која веќе нема да доминира е Америка која веќе не може да нѐ штити. Кога ќе загусти, сигурно нема да нѐ бранат Германците, а ни Французите. На пример, од Русите. А и со нив порадо соработуваме сѐ додека не нѐ загрозуваат.

Борис Калноки, роден 1961 година, е дописник од Унгарија за германскиот весник „Велт" и други германски медиуми. Тој е автор на книгата „Земјата на предците" (2011), во која е опишана неговата потрага по своите предци, меѓу другитецарскиотикралевскиминистерзанадворешниработиГуставКалноки.

 

DW.COM

Реклама