Криза во односите на Русија и Грција поради Македонија | Северна Македонија | DW | 04.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Криза во односите на Русија и Грција поради Македонија

Атина и Москва традиционално негуваат добри односи. Но договорот за решавање на спорот за името со Македонија предизвика криза. Во позадина се работи за економски интереси.

Дипломатски скандал во Средоземјето? Влијание на руски агенти во грчката надворешна политика? Нешто што звучи како најнов филм со Џејмс Бонд, е всушност врв на длабоката криза меѓу Атина и Москва. Неодамна беше објавено дека соработници на руската амбасада се обиделе да поткупат градоначалници од северна Грција, бизнисмени и влијателни свештеници од Атос за тие да настапуваат против надминување наспорот за името меѓу Грција и Македонија. Атина е навредена и ги протера четворицата дипломати.

„Грчката влада сака добри односи со сите држави, но не е можно да се прифати однесување со кое се крши меѓународното право и не се почитуваат грчките власти“, ги критикуваше портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос поранешните руски пријатели. Оттогаш настапи ледено доба во односите меѓу Атина и Москва.

Сите го сакаат Балканот

Претседателот Путин не крие дека воопшто не е задоволен со постигнатиот договор меѓу Грција и Македонија. Причината – веќе подолго време ЕУ и Русија се борат за превласт на Балканот. По постигнувањето на договорот во јуни, Грција веќе нема да го блокира членството на северниот сосед во ЕУ и НАТО. По Бугарија и Романија, сега и Македонија ќе се поврзе со Западот – горчлив пораз за рускиот претседател.

Но, какви се всушност од очекувањата од земјите на Западниот Балкан кои структурно се прилично слаби?

Повеќе: Грчко-македонскиот договор и фијаското на Кремљ на Балканот

Балканот е мост меѓу Западна Европа и Азија и поради тоа има големо значење како важна трговска рута. Особено откако најголемото пристаниште на југот на Грција падна во кинески раце како резултат на приватизацијата, регионот е во центарот на вниманието на глобалните економски сили. „Новиот Пат на свилата на Кина, кој ќе влегува во пристаништето во Пиреја, за потоа преку Балканот да се протега до Централна Европа, ѝ дава нова тежина на Грција во регионот", објаснува германско-грчкиот новинар Ефтимис Ангелудис.

Griechenland Containerhafen Piräus (picture-alliance/Photoshot)

Патот на свилата се „влева“ во пристаништето во Пиреја

Грчката стратешка улога

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во последно време ги интензивира односите со северниот сосед, иако интересот на Атина за Балканот почнува уште пред тој да дојде на власт. „Грција одигра голема улога при влезот на Бугарија и Романија во ЕУ. Фактот дека грчката влада сега најде партнер и во Македонија, е огромен чекор за регионот“, заклучува Ангелудис. Договорот меѓу двете земји, според него, е „зрак на надеж".

Многу предности кои во Западна Европа долго време беа игнорирани. Таму Грција се перцепира само како даночен грешник и црна овца. Притоа, се игнорира важната улога што земјата ја има со оглед на критичната ситуација во Турција. Токму овој пример покажува дека Европа не може да биде сигурна во своите сојузници. Анкара долго време беше пријателски настроена кон Европа и поддржувана од Брисел. Фактот што Ердоган, со неговиот сѐ поавтократски курс, беше во можност да победи и на последните избори и, патем, повторно да ја открие својата наклоност кон Русија, меѓу другото е и поради изгубената шанса на Европа долгорочно да ја врзе Турција кон себе.

Во актуелниот процес на приближуваење меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ ќе се покаже дали е извлечена поука од овие грешки. „ЕУ не треба да ја прокоцка оваа шанса", предупредува Ангелудис. „Се работи за тоа да се врзе овој исклучително значаен регион, кој е од клучно значење за идната светска трговија. Во превод - вратите на ЕУ мора да бидат отворени за земјите од Западен Балкан."

Russland Griechenland Tsipras bei Putin (Reuters/A. Zemlianichenko)

Ципрас кај Путин во април 2015 година

„Грците не ја познаваат Русија“

Со поврзувањето на Македонија, ЕУ може да извојува важна делумна победа во својот натпревар со Русија за Балканот, и тоа не само благодарение на пријателски настроената агендата на Атина кон Европа и Балканот. Притоа, Ципрас по победата на изборите во 2015 година првично застана на страната на Москва. Традиционално, Грција во Русија гледа сојузник по дух. Меѓутоа за Ставрос Цимас, експерт за Балканот од влијателниот грчки весник „Катимерини“, оваа љубовна врска нема врска со реалноста. Тие се поврзани само преку христијанската православна традиција. Тешко е да се зборува за сојуз. Напротив.

„Претпоставката за верско единство е заснована на митот дека моќната Русија им помага на своите грчки браќа верници во тешките моменти", објаснува Цзимас. Но, никогаш немало вистинската поддршка од Русите, додава тој. Не така одамна ова беше потврдено: „Кога Ципрас отпатува за Москва да побара финансиска помош од Путин, надевајќи се дека ќе им ги измеша картите на европските донатори, рускиот претседател го испрати во Брисел.“

Повеќе: Православното братство има граници

И покрај ова, во Грција си се задржа позитивната слика за Русија. И Цимас се чуди зошто е тоа така. Актуелните анкети покажуваат дека Грците имаат позитивно мислење за Путин. Во исто време, неговите сонародници не знаат ништо за Русија, ниту за економската ситуација таму ниту пак за човековите права, нагласува Цимас.

Со него се согласува и неговиот колега Ефтимис Ангелудис. Русија пред сѐ е позната по своите смешни пророштва кои се шират преку делови од христијанската православна црква. Последните неколку години тие станаа успешно место за ширење на конспирации: „Теориите на заговор се шират во Грција уште од памтивек, но сега за првпат им се обраќа внимание, особено откако се отвори кризата со државниот долг која предизвика чувство на беспомошност и хетерономија", вели Ангелудис.

Следната година Грците ќе гласаат за нов парламент. За Ципрас и за Европа тогаш ќе стане јасно дали, со актуелните тензии со Русија во позадина, ќе бидат убедливи со својата стратегија.

 

DW.COM

Реклама