Самит на ЕУ: Мнозинството против Орбан, нема договор за самит со Путин | Свет | DW | 25.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Самит на ЕУ: Мнозинството против Орбан, нема договор за самит со Путин

Унгарскиот премиер беше жестоко критикуван поради дискриминација на хомосексуалците. Но, Орбан останува на своето. Конфликтот го засени последниот ЕУ-самит на Меркел.

Brüssel EU Gipfel | Viktor Orban

Виктор Орбан се соочи со дожд од критики на самитот на ЕУ

Дел од шефовите на држави или влади во знак на протест против унгарскиот анти-хомосексуален закон, на самитот во Брисел носеа мало знаменце во боите на виножитото, како белгискиот премиер Александер де Кро. Седумнаесетмина од нив потпишаа писмо иницирано од луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел. Холандскиот премиер Марк Руте го загуби трпението поради постојаните провокации од Будимпешта. „Според мене, нема веќе што да бараат во ЕУ“, рече холандскиот премиер. Но, тој поризнава дека ЕУ не може да ја исфрли Унгарија од Унијата. Тоа не е предвидено со договорите. Руте рече дека на унгарскиот премиер Виктор Орбан мора јасно да му се стави до знаење дека ЕУ е „заедница на вредности“.

Во писмото на 17-те премиери упатено до претседателот на Советот, Шарл Мишел, се вели: „Мора и натаму да се бориме против дискриминацијата на ЛГБТК-заедницата и повторно да потврдиме дека ги браниме нејзините вредности.“ Луксембуршкиот премиер Бетел, кој е оженет за маж, рече дека оние што како унгарскиот законодавец веруваат дека рекламите ги прават младите да бидат хомосексуалци, „тие не го разбираат животот“. Бетел оцени дека со законот со кој се забранува претставување на хомосексуалноста во маркетингот и медиумите е пречекорена црвената линија.

Претходно, претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро го критикуваше „крајно дискриминаторскиот“ закон и се закани со преземање законски чекори против Унгарија. Германската канцеларка Ангела Меркел, за која е ова веројатно последниот ЕУ-самит пред парламентарните избори наесен, рече дека законот е „погрешен“. На вечерата „врнеше“ од критики на сметка на унгарскиот премиер. Само претставниците на Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска, Романија и Бугарија се воздржуваа од критики.

Brüssel EU Gipfel | Alexander De Croo

Дел од шефовите на држави или влади носеа мало знаменце во боите на виножитото

Орбан не попушта

Унгарскиот премиер остана на своето и рече дека „законот е донесен, објавен и останува така како што е“. Орбан тврди дека уште во комунистичкото време бил „борец за правата на хомосексуалците“. Објаснува дека не станува збор за хомосексуалноста, туку за правото на родителите да одлучуваат како треба да изгледа сексуалното воспитание на нивните деца.

Во мандатот на Орбан во Уставот како норма е ставено семејство од жена, маж и деца. На истополовите двојки им е забрането посвојување деца. Полот на трансродовите лица кој ќе им биде внесен во документите при раѓањето, веќе не смеат да го менуваат. До 2010 година, кога Орбан повторно дојде на власт, Унгарија важеше за една од најлибералните земји во поранешнот Источен блок кога станува збор за ЛГБТК-заедницата. Истполови животни заедници беа законски признати уште во 1996 година. На средината од 1960-тите во Унгарија е укината казнивоста на хомосексуалноста.

Brüssel EU Gipfel | Xavier Bettel

Луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел смета дека Орбан ја пречекорил црвената линија

Самит или не?

Остриот судир со Унгарија ги засени другите темите кои всушност требаше да бидат главни на самитот, како пандемијата на коронавирусот, Русија и Турција.

Поради сѐ позасиленото ширење на Делта-варијантата на коронавирусот, ЕУ нема да дозволи толку бргу влез од трети држави, како на пример Велика Британија Канцеларката Меркел критикува што Португалија пушта британски туристи во земјата, иако британските острови се „подрачје каде владеат варијанти на вирусот“. „Мора да останеме будни“, рече францускиот претседател Емануел Макрон. Унијата на самитот имаше единствен став дека е неопходно подобро усогласување на мерките и ставовите и посилни здравствени ЕУ-институции, барем за некоја наредна пандемија, иако сите се надеваат дека до тоа нема да дојде.

Brüssel EU Gipfel | Merkel

Меркел: Не е доволно кога американскиот претседател Џо Бајден разговара со рускиот претседател

Дускусијата за односот кон автократскиот режим во Русија беше водена на вечерата и не доведе до остри заклучоци. ЕУ постигна согласност за продолжување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин во сферите кои се од заеднички интерес. Истовремено, повредите на човековите права, угнетувањето на опозицијата и мешањето во конфликтите во Украина и Белорусија ќе бидат и натаму казнувани со санкции. Канцеларката Меркел во својот говор во Бундестагот, одржан пред почетокот на самитот на ЕУ, рече: „Според мене, ние како ЕУ, треба да бараме и директен контакт со Русија и рускиот претседател. Не е доволно кога американскиот претседател Џо Бајден разговара со рускиот претседател.“

Францускиот претседател Макрон во Брисел даде поддршка за можен самит со рускиот властодржец. Други ЕУ-држави, пред сѐ од источна Европа, но и Холандија, во моментов отфрлаат директен разговор. Рускиот претседател треба да плати пред да се разговара со него, побара летонскиот премиер Крисјанис Каринс.

EU Gipfel Deutschland Österreich Merkel Kurz

ЕУ постигна согласност за продолжување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин во сферите кои се од заеднички интерес

Што се однесува до Турција, во заклучоците од самитот стои дека ЕУ сака да ги подобри односитесо неа. Но, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган треба и натаму да работи на деескалација на конфликтите со Кипар и Грција во источното Средоземје. Во секој случај, Унијата сака да работи со Турција на продолжување на „Договорот за бегалците“. За таа цел се предвидуваат најверојатно уште 3,5, милијарди евра за Турција во иднина. Од 2016 година досега Турција за сириските бегалци доби околу 6 милијарди евра од ЕУ. Во меѓувреме во Турција живеат околу 4 милиони Сиријци.