1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Deutschland | Flugabwehrpanzer vom Typ Gepard
Фотографија: Carsten Rehder/dpa/picture alliance

Германски тенкови за Украина и обука на украински војници

ЖА / агенции
26 април 2022

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ја поздрави одлуката на Германија да испорача тенкови на Украина. САД и сојузниците се одлучни во поддршката на Украина во руската агресорска војна, изјави тој во Рамштајн.

https://p.dw.com/p/4ATKB

На меѓународната министерска конференција во американската воена база Рамштајн во Германија, САД најавија формирање контакт група која би се состанувала месечно заради подобра координација на одбранбената способност на Украина.

„Контакт групата ќе биде инструмент за координирање на нашата поддршка и наше концентрирање на победа во денешната и идните борби“, изјави американскиот министер за одбрана  Лојд Остин  денеска по конференцијата. Месечните средби можат да бидат со физичко присуство, виртуелни или во комбиниран формат, објасни Остин.

Демонстрирајќи единство со партнерите од НАТО и земји кои не припаѓаат на Алијансата, Остин вака ја опиша целта на конференцијата на нејзиниот почеток: „Овде сме за да ѝ помогнеме на  Украина во победа против неправедната инвазија од страна на Русија и да ја поткрепиме одбраната на Украина во идните предизвици.“

Тој им се заблагодари на сите нации кои веќе пружија  поддршка на Киев  со доставување оружје и опрема: „од ден на ден ги има сѐ повеќе“, но нема причина за потпирање на постигнатото, предупреди  Остин: „Немаме време за губење, мораме да се движиме со брзината на  војната“.

Средбата се одржа на иницијатива на САД во најголемата американска воена база во Европа, а беа поканети претставници на околу 40 земји, меѓу кои голем број членки на НАТО.

Пред почетокот на конференцијата, шефот на Пентагон со јасна порака: „ќе ги превртиме небото и земјата за да ја поддржиме Украина во борбата против Русија. Украина недвојбено верува дека може да победи, а и ние сите овде веруваме во тоа", потенцираше американскиот министер.

Deutschland Ramstein Air Base | PK Verteidigungsminister
Како подобро да се поддржи Украина - тема на конференцијата во воената база РамштајнФотографија: Boris Roessler/dpa/picture alliance

Остин ја поздрави денеска објавената одлука на Германија да ѝ испорача тенкови на Украина. На прашањето дали Германија треба да пружи поголема поддршка на Украина со оглед на руската инвазија, Остин со одговор –тоа е одлука на Германија како суверена држава, но уверен е дека германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт сигурно „и натаму ќе бара патишта за на Украинците да им стави на располагањесѐ што е можно." 

По долги натегања околу можноста за испорака на  германско тешко оружје,  Ламбрехт утрово најави дека на Украина ќе ѝ бидат испорачани германски тенкови „Гепард“, кои Бундесверот веќе гиима расходувано, а станува збор за 50 тенкови.

Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт средбата во американската воздушна база Рамштајн ја оцени како важен сигнал на солидарност со Украина. „Ние сме доверлив партнер на страната на Украина, заедно со нашите сојузници“, изјави Ламбрехт, која во германската испорака на тенкови гледа важен придонес за осигурување на воздушниот простор над Украина. Освен тоа, конференцијата ја гледа и како стартен знак за среднорочна и долгорочна поддршка: „Најдобрата безбедносна гаранција за Украина се добро обучени и опремени војници“, рече Ламбрехт, ветувајќи обука на украински војници во Германија за ракување со модерно оружје, но уште еднаш потенцирајќи – мора и натаму да се води грижа НАТО и Германија да не се гледаат во улога на завојувана страна, зашто „тоа би имало катастрофални последици".

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Апасиев, лидер на Левица

Колку многу агенти

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница