1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Гералд Кнаус
Гералд КнаусФотографија: Francesco Scarpa

Гералд Кнаус предупредува од војна на Балканот

4 март 2022

Социологот Гералд Кнаус вели дека Москва има интерес да разгорува тензии на Западниот Балкан и предупредува на „драматични проблеми“. ЕУ сега мора да му понуди јасна и конкретна перспектива на Западниот Балкан

https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B4-%D0%BA%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%81-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D0%B5%D1%83-%D0%BD%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0/a-61017489

Дури и ако војната во Украина во моментов го преокупира вниманието во Европа, ЕУ не смее да го изгуби од вид Западниот Балкан, предупредува Гералд Кнаус, австриски социолог и истражувач на миграции. Москва има „интерес да разгорува тензии во европскиот двор, на Балканот“, вели Кнаус во интервју за австриската новинска агенција АПА и говори за „драматични проблеми“ во регионот со став дека атмосферата уште сега е опасна. 

„Војната на Балканот е повторно замислива" 

Повторното вооружување на некои земји на Западниот Балкан, сѐ пожестоката непријателска реторика и доведувањето во прашање на граници или институции, како на пример во Босна, не значи дека ќе дојде до отворен судир, но опасноста се надзира, вели Кнаус. 

С. Македонија - субјект или објект во големата криза?  
„Тоа значи дека луѓето се плашат. А доколку има провокации однадвор, тогаш таквата ситуација може да излезе од контрола. А тоа може брзо да се случи“, вели Кнаус.
Војната на Западниот Балкан повторно „може да се замисли“, затоа што по одлуката на ЕУ да му испорача оружје на Киев и воведувањето економски санкции за Русија, претседателот Владимир Путин сега бара можност „да го врати ударот, а шанса да го стори тоа има на Балканот“, објаснува Кнаус. 

ЕУ брзо да понуди перспектива 

Според основачот на берлинскиот тинк-тенк „Европска иницијатива за стабилност“ опасноста ќе стане реалност доколку „ЕУ конечно не стане проактивна и се откаже од мрзеливата политика во која доминираат и постојано се повторуваат исти фрази, во кои никој повеќе не сака да верува“. 

Украинска криза: Србија помеѓу чекан и наковална
„Таа апсурдна и опасна интертност“ на ЕУ, која едноставно се надева дека нешто ќе се случи, без активно преземање на било каква активност, е неодговорна, критикува Клаус.
Реакцијата во Украина дојде предоцна. ЕУ сега мора на Западниот Балкан да му понуди јасна и конкретна перспектива, заклучува Кнаус.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Конечно шини на Коридорот 8?

Пругата наречена „желба“ ќе влезе во графата - изградба

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница