1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Belgien | Ankunft US Präsident Biden vor NATO Gipfel
Фотографија: Kevin Lamarque/REUTERS

Бајден на три самити во Брисел за Украина

агенции
24 март 2022

Западните сојузници веќе го најдоа тоа што го бараа - а тоа е премногу реткото чувство на единство. За тоа треба да му се заблагодарат на рускиот претседател Владимир Путин.

https://p.dw.com/p/48vvC

Дури и пред „Ер Форс Уан“ да слета во Брисел со американскиот претседател Џо Бајден кој во четврток треба да учествува на три самити за Украина, западните сојузници веќе го најдоа тоа што го бараа - а тоа е премногу реткото чувство на единство. За тоа треба да му се заблагодарат на рускиот претседател Владимир Путин.

По руската инвазија на Украина на 24 февруари и нејзината брутална војна од тогаш во текот на изминатиот месец, сојузниците од Вашингтон до Токио и Брисел дејствуваа обединето. 

И тие тоа го направија со таква запрепастувачка брзина со цел да го погодат Кремљ со невидени санкции и му понудија помош на Киев. Таа симболика отвара простор да се изнајде итно решение за проблемот оваа недела. 

Со стакато ритам Бајден ќе присуствува на самити на НАТО, Г7 и на самит на Европската Унија кои се одржуваат во рок од 12 часа, со возење низ европскиот дипломатски центар, од една до друга институција. Тоа е возможно благодарение на усогласениот став за главните прашања, така што, во основа, ќе биде потребно малку време за да се усогласат разликите.

Во петок, Бајден ќе отпатува за Полска, хуманитарниот центар на кризата каде што пристигнаа повеќе од 2 милиони украински бегалци и каде што американските сили го зацврстија источното крило на НАТО. 

BdTD Belgien | Friedenszeichen in Brüssel
Фотографија: Geert Vanden Wijngaert/AP Photo/picture alliance

Што сака Бајден 

Покрај важните ракувања, групни фотографии и сцени на заедништвото, Бајден ќе го искористи своето време во Брисел за да објави нови санкциите против Русија, истовремено нагласувајќи ја важноста од затворање на можните дупки во лавината на западните мерки кои веќе се донесени. 

Во време кога е од суштинско значење да се избегнат пукнатини во она што е во голема мера унифициран одговор на Западот кон Русија, претседателот на САД ќе се обиде да ги притисне важните сојузници како Полска да ја отфрлат идејата за распоредување западна мировна мисија во Украина. Тоа е идеја која што САД и некои други членки на НАТО сметаат дека е премногу ризична, додека се обидуваат да ѝ ги ускратат сите изговори на Русија за проширување на војната надвор од границите на Украина

За неговата домашна публика, се очекува Бајден уште еднаш да го потенцира херојството на украинската војска и доброволците кои успеаја да ја задржи импозантната руска војска. Тој ќе ги истакне тие извонредни напори, како и дарежливоста на Полјаците и други сојузниците на првите борбени линии на хуманитарната криза, но истовреме ќе ги повтори своите повици до Американците да застанат цврсто против руската војна, што го поттикнувава поскапувањето на гасот и ги зголемува инфлаторните притисоци во САД. 

Бајден исто така сака да ужива во сцените на единство во седиштето на НАТО и во ЕУ, каде се уште не се заборавени сеќавањата на една трансатлантската врска преполна со спорови за време на поранешниот претседател Доналд Трамп. 

Што сака НАТО    
Тоа покажување на единство ќе биде најважно и во седиштето на НАТО. Самитот во четврток ќе биде нова можност за 30 нации кои се дел од воената организација, јавно да покажат дека Вашингтон се консултира со сојузниците, нешто што многу недостасуваше за време на администрацијата на Трамп. 

Бајден и неговите колеги се очекува да разговараат за  „црвените линии“ кои би можеле да го извлечат НАТО од неговата одбранбена положба - најголемата светска безбедносна организација најмногу ја зајакна својата одбрана од почетокот на инвазијата пред еден месец. 

Има опасност од нуклеарен, хемиски или масивен сајбер напад, но НАТО останува претпазлив за каков било одговор што може да го вовлече во целосна војна со нуклеарно вооружената Русија. Лидерите исто така треба да разговараат за долгорочната иднина на одбраната на НАТО долж неговото источно крило, почнувајќи од Естонија на север, преку западна Украина до Бугарија на Црното Море.

На воените команданти им е наредено да подготват опции. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, минатата недела изјави дека „новата одбранбена положба“ би вклучила значително повеќе копнени сили при поголема подготвеност, повеќе воздушни сили кои ќе го заштитат небото и авиони носачи на НАТО, подморници и борбени бродови. 

DW Premium Thumbnail | US carrier Truman boosts NATO air patrols from Mediterranean
Фотографија: Steven Bearslay/DW

Што сака ЕУ 

Дури и да добие брутален непријател на нејзиниот источен праг, блокот од 27 нации, во исто време го обнови односот со стариот пријател, и ќе може да се потпре на тоа пријателство кога Бајден ќе присуствува на самитот на сите ЕУ лидери.

Никој Европеец нема да има ништо против. Заедно со администрацијата на Бајден, ЕУ стои рамо до рамо во туркањето на четирите пакети санкции против Путин, неговите советници и олигарси, навлегувајќи многу подлабоко отколку што многумина би помислиле. Ова доаѓа по периодот од четири години под Трамп, кој меѓу другото, дури и изрече и санкции на ЕУ.

„Целта е да се испрати порака за единство“, рече министерот за европски прашања, Клемент Бон од Франција, која претседава со ЕУ. Тој исто така најави можност за повеќе санкции и притисок како гест на солидарност со Украина.

Во исто време, ЕУ се надева дека Бајден нема да отиде премногу далеку со барањата за санкции за партнер чии трговски врски со Русија се далеку поголеми и сложено испреплетени.

„Санкциите не смеат да ги погодат европските држави посилно од рускиото лидерство. Тоа е нашиот принцип“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц во средата. „Никој нема корист ако свесно се коцкаме со економијата“. 

Единство, исто така, ќе и помогне на ЕУ на глобалната сцена, во пресрет на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, со кого ЕУ има закажан самит за следната недела.

Jens Stoltenberg und  Annalena Baerbock
Јенс СтолтенбергФотографија: John MacDougall/AFP

Што сака Украина 

Никаде нема да има резервирано место за украинскиот претседател Володимир Зеленски, но сепак тој ќе биде во мислите на сите - тој ќе се вклучи преку видео линк на самитот на НАТО.

Беше кристално јасно што тој сака од западните сојузници. Со страст и реторички талент, тој побара од законодавните тела во САД, ЕУ, Британија, Јапонија и Канада поголема воена и хуманитарна помош. Но, неговите барања НАТО да воведе зона на забранети летови за заштита на неговиот народ се отфрлени, со што Алијансата јасно кажува дека нема да ризикува целосна војна со Русија.  

Истиот одговор тој ќе го добие и од Шолц. „Ги слушам оние кои бараат зона на забранети летови или НАТО мировници во Украина“, рече германскиот лидер во средата. „Во речиси 80 години повоена историја успешно го избегнавме незамисливото - директна воена пресметка меѓу нашиот западен одбранбениот сојуз, НАТО и Русија. Така мора да остане“.

Зеленски деновиве имаше низа разговори со западните лидери и тој очекува од нив да одобрат повеќе санкции за казнување на Русија и поголема помош за Украина.

„Ќе работиме, ќе се бориме, колку што можеме, до крај, храбро и отворено“, рече тој во видео обраќањето во средата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Апасиев, лидер на Левица

Колку многу агенти

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница