1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија, индиректно доби позитивен сигнал за почеток на преговори за членство во ЕУ

19 јануари 2005

Еврокомесарот за проширување Оли Рен, синоќа во Брисел пред преставниците на надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент ги перезентираше главните приоритети во неговиот мандат,во кои спаѓа и почетокот на преговорите со Република Македонија и консолидирање на стратегијата за приклучок на останатите држави од Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/AcI3
Фотографија: EU

Еврокомесарот за проширување Оли Рен, покрај прашањето за почеток на преговори со Република Македонија и стратегија за останатиот дел од Западен Балкан, како главни цели во неговиот мандат ги смета и прашањата околу обезбедување членство за Бугарија и Романија, кои пред тоа мораат да бидат во целост подготвени, како и преговорите со Хрватска и Турција.

При преставувањето на зацртаните цели до крајот на мандатот на комисијата, 2009 година Оли Рен ја наведе Хрватска како прва држава со која ќе стартуваат преговорите, додавајќи дека властите во Загреб мора да го сторат својот дел од работата, односно се што е во нивна моќ за целосна соработка со Хашкиот трибунал. Нагласувајќи ја загриженоста на главниот хашки обвинител Карла Дел Понте, околу случајот со генералот Анте Готовина, Рен предупреди дека без позитивно мислење од Хаг, преговорите за членство со Хрватска нема да започнат до 17 април, што според него би било големо разочарување за цела Хрватска и ЕУ.

Укажувајќи на најдоброто можно сценарио, Оли Рен го истакна уверувањето дека ќе дојде до голем и брз напредок со Хрватска, додавајќи дека доколку преговорите се одвиваат совршено во секој дел, постои реална можност Хрватска до 2009 да стане членка на големото европско семејство.