Лавров и Јеремиќ за Косово
22 ноември 2007Реклама
Русија и Србија бараат повеќе време за преговори за решение на статусот на Косово. Не треба да има никакви вештачки временски ограничувања изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите во Москва со шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ. Двете страни остануваат на ставот за решение согласно меѓународното право кое ќе произлезе од директните преговори меѓу Белград и Приштина. Новата рунда е закажана за 26 ноември во Виена.