ЕУ гледа шанса за мировниот процес на Блискиот Исток
1 април 2007Реклама
Европската Унија гледа нови шанси за мировниот процес на Блискиот Исток . На неформалната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ , претседавачот со министерскиот совет, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер истакна дека со нејзиниот воен ангажман во Либан од средината на 2006-та година Европа докажа дека повеќе нема само да го коментира развојот на настаните во кризниот регион , туку оти и самата има намера да придонесе во решавањето на конфликтот. Во Бремен беше постигната согласност , ЕУ да негува односи со палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите од новата влада на национално единство , кои не доаѓаат од редовите на радикално исламистичкото движење Хамас