1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Русија: 16 години затвор за Американец осуден за шпионажа

СН/агенции
15 јуни 2020

Поранешниот американски војник Пол Велан беше уапсен во Русија во 2018 година под сомнение за шпионажа. Сега е осуден на 16 години затвор. Вилан тврди оти е невин и најави жалба. Вашингтон упати остар протест.

https://p.dw.com/p/3dmll
Moskau Anhörung Paul Whelan Spionageverdacht
Фотографија: Imago Images/ITAR-TASS

Суд во Москва му одреди денеска на Американецот Пол Велан 16-годишна затворска казна поради шпионажа. Судијата рече оти овој 50-годишен поранешен маринец ќе ја служи казната во затвор со максимална безбедност. 
Велан кој беше присутен во судницата веднаш рече дека ќе се жали на пресудата и оти станува збор за привид на судење. 
Тој од почетокот зборуваше дека е невин и оти сето е наместено. Американската амбасада во Русија порано го осуди судењето на Велан како нефер и наведе дека за обвинувањата не се дадени никакви докази. 

Акт на шпионажа?

Велан кој покрај американското има и британско, ирско и канадско државјанство, беше  уапсен на 28 декември 2018 година. Руската безбедносна служба ФСБ, наведува дека тој е приведен додека вршел акт на шпионажа, што тој го демантира. За ова кривично дело затворската казна изнесува до 20 години.

Moskau US-Bürger Paul Whelan wegen Spionage verurteilt | Anwalt
Владимир Шербенков, адвокат на Пол ВеланФотографија: Reuters/M. Shemetov

Повеќе:

Пронајдена шпионската картичка на Путин во Штази

-Наводна агентка на Кремљ уапсена во САД

Адвокатот на Велан, Владимир Шербенков во февруари изјави оти на неговиот клиент една познаничка му дала УСБ-стик на кој имало доверливи докази за кои тој не знаел. Според неговиот адвокат Вилан мислел дека сстанува збор за фтографии снимени во нејзино друштво за време на еден претходен престој во Русија.

Остар протест на Помпео

САД изразија револтираност од одлуката на рускиот суд и веднаш побараа итно ослободување на Вилан тврдејќи оти нему му било оневозможено фер судење.

„САД се шокирани од одлуката на рускиот суд да го осуди американскиот граѓанин Велан по таен судски процес, со тајни докази и без соодветна дозвола за сведоци на одбраната“ , порача американскиот министер за надворешни, Мајк Помпео во изјава за медиумите. 
  .