1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема согласност во ЕУ за клучните прашања во финансиската криза

З. Јордановски / Агенции7 октомври 2008

ЕУ бара начини за да ја одржи довербата на штедачите и инвеститорите по големиот пад на берзите насекаде во светот. Во Луксембург министрите за финансии разгледуваат предлози за подобра заштита на штедните влогови.

https://p.dw.com/p/FVfZ
Француската министерка за финансии во ЛуксембургФотографија: AP

ЕУ настојува подобро да ги заштити штедачите во случај на колапс на банки. Комисијата на Унијата е за петкратно зголемување на сегашната законски гарантирана сума од 20 илјади евра и како што се дознава од дипломатски кругови, претседавачот со Советот на министрите, францускиот министер за финансии Кристин Лагард, тој предлог официјално им го поднесла на своите колеги на средбата во Луксембург. Но, согласност не е постигната и решението е одложено. Се спомнува како компромис гаранцијата да се крене на 50 илјади евра, но предлог треба да формулира Европската Комисија.

Во Луксембург наиде на критики најавата на германскиот канцелар Ангела Меркел за гарантирање на штедните влогови до законски гарантираниот максимум од 20 илјади евра. Тоа наиде на критики во Луксембург. „Ако сите држави се обидуваат поединечно да изнајдат решение, тоа нивно решение станува проблем за другите“, рече шведскиот министер Андерс Борг и се заложи за заедничко решение.

ЕУ нема да дозволи да пропаднат важните банки

Министрите за финансии на денешната средба ја подржаа определбата да ги спасат од пропаѓање сите важни банки, изнесена на синоќешниот собир на претставници на земјите во кои еврото е платежно средство. За релевантноста на банките ќе се решава од случај до случај. „Главна тема е обезбедување доверба и стабилност во нашиот европски банкарски систем“ - образложи синоќа ирскиот министер Брајан Ленихан. Европската централна банка за тоа ќе го снабдува со пари финансискиот систем „толку долго, колку што ќе биде нужно“ за да се обезбеди ликвидност, рече претседателот на банката Жан-Клод Трише.

Нема согласност ни околу надзорот врз осигурителните друштва

Државниот секретар во германското министерство за финансии Јерг Асмусен при доаѓањето во Луксембург се искажа и за засилен надзор врз осигурителните друштва и подобри правила за билансите на банките. Но, според последните информации од Луксембург, не е постигната согласност ни во тој поглед. Во новите директиви за осигурителните друштва е предвидено претпријатие од таа област кое е застапено во повеќе земји, да биде контролирано од група претставници од сите национални надзорни одбори. Десетина земји на Унијата се противат на централизацијата страхувајќи дека ќе го загубат влијанието врз надзорот на фирмите-ќерки во сопствената земја. Инаку, новиот модел за надзот во осигурителната бранша треба да служи како пример и за банкарскиот сектор.

Министрите денеска треба да дадат сигнал и против претераните плати и отпремнините на менаџерите во банките. Нивните потфрлувања не смеат уште и да бидат позлатени, рече холандскиот министер Вутер Бос.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема