Валентина и Хенрик Петерсен пред 15 години животот во Скопје го замениле со живот во селото Моране. Егзистенцијата си ја обезбедуваат од продавање јајца и живина, јуфки и тарана. Мирот, слободата, убавината на природата и здравиот начин на исхрана се она што ги привлекло, посебно Данецот Хенрик. За нив второстепени се пари, велат – важно е да има за нормален живот.