1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Единствени санкции во ЕУ против расизмот и ксенофобијата

Улрике Босе20 април 2007

Министрите за правда постигнаа согласност за редица минимални кривичноправни стандарди против расизмот - за прв пат во историјата на ЕУ

https://p.dw.com/p/AdkH
Бригите Циприс
Бригите ЦиприсФотографија: AP

На вчерашната средба во Луксембург договори затворски казни од една до три години за јавно подбуцнување на насилство и омраза врз основа на расата, бојата на кожата, потеклото, националноста. Исто ќе биде казнувано и негирање, минимализирање или одобрување на случаи на геноцид, воени злосторства или злосторства против човечноста, признаени според критериумите на Меѓународниот кривичен суд, ако тие можат да водат кон омраза и насилство.

Политичкиот сигнал што сакаа да го испратат министрите против расизмот и непријателството спрема странците, е најмалку подеднакво важен со она што беше договорено, јасно кажа уште на почетокот Бригите Циприс, германски министер за правда и претседавач со Советот на министрите на ЕУ: “Мислам дека севкупно е важно јасно да ставиме на знаење дека такво нешто ние не сакаме во Европа. Ние ги штитиме луѓето врз основа на расата или потеклото и не дозволуваме тие да бидат дискриминирани или дури против нив да биде применето насилство”.