1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Да им се помогне на Македонија и на Грција“

10 февруари 2010

Во дебатата што заврши во Стразбур, европратениците ја подржаа европската перспектива на земјите од Балканот, поздравувајќи го постигнатиот напредок на Македонија, со надеж дека таа наскоро ќе добие датум за преговори.

https://p.dw.com/p/Lxne
Фотографија: AP

Заедничката дебата во Европскиот парламент за напредокот на трите земји- кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Хрватска и Турција започна необично рано, поради новата организација во работата на Европарламентот.

Шпанскиот државен секретар за европски прашања Диего Лопез Гаридо, во името на Европскиот совет на почетокот на дебатата нагласи: „Западен Балкан е еден од приоритетеите на ЕУ, бидејќи стабилноста на регионот е од капитално значење за нас. Перспективата за европска интеграција е главниот мотор за стабилноста и процесот на реформи. Земјите од регионот имаат релни европски перспективи, но тие не претставуваат автоматско право на интеграција.

Во однос на напредокот на Македонија, Гаридо исто како и новиот европски комесар за проширување, Штефан Филе, ја поздравија објективноста на извештајот на известувачот, словенечкиот пратеник Зоран Талер. Во неговата резолуција е ставен акцент на датумот за почеток на преговори и на нерешениот проблем со името. Гаридо, Филе и Талер инсистираа и на другите проблеми со кои се среќава Македонија, како и на обврските за продолжување на реформите и целоснотот спроведување на Охрдискиот договор.

Целта на извештајот и резолуцијата која ја предложи Талер, како што рече самиот, е „Да и‘ се помогне на Македонија да напредне на патот на стабилноста и зачленување во ЕУ, и да и‘ помогне на Грција за да се реши проблемот со името.“ Со ова, според Зоран Талер, Грција ќе биде ментор на Балканот кон неговиот пат кон ЕУ.

Europa Mazedonien

Надеж дека Македонија ќе добие датум за преговори

Во дебатата европратениците изразија надеж дека конечно годинава Македонија ќе ги започне преговорите со Европската унија, додека некои од грчките европратеници предупредија дека ниту една грчка влада нема да прифати давање на датум за преговори пред решавање на спорот со името. Германскиот европратеник Јоргос Шацимаркакис на пример побара задржување на ритамот на средби на високо ниво меѓу претставниците на двете земји за да се најде решение за името.

Гласањето на резолуцијата, за која се предложени 16 амандмани ќе биде напладне, исто така поради новата организација на Европскиот парламент. Со резолуцијата, меѓу другото, се повикува Советот да ја потврди препораката на Европската комисија за почеток на преговори со Македонија без понатамошно одолговлекување, на самитот предвиден за во март и се очекува преговорите да започнат во блиска иднина.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска