1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден: Скара за Денот на независноста

Ролф Петер Бројх
5 мај 2021

Темпото на вакцинација во САД се намалува. Американскиот претседател Бајден врши притисок и ветува враќање кон извесна нормалност. Пресвртот би требало да се случи на Денот на независноста.

https://p.dw.com/p/3sybw
USA | COVID-19-Impfprogramm | Joe Biden Rede
Фотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

„За два месеца да ја прославиме нашата независност како нација и нашата независност од вирусот“, повика американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Белата куќа. На почетокот на својот мандат тој на Американците им вети дека земјата ќе приближи значително до нормалност доколку до Денот на независноста, 4 јули, бидат вакцинирани околу 70% од населението,

За да се постигне оваа цел во наредните 60 дена би требало да бидат инјектирани уште околу 100 милиони вакцини. „Ќе го направиме процесот на вакцинирање полесен од кога и да е досега“, рече Бајден пред новинарите. Владата, меѓу другото, ќе им даде упатство на аптеките да овозможат вакцинирање без претходен термин. Околу 40.000 аптеки во земјата добиваат вакцини директно од владата.

Њујорк се враќа кон нормалноста

Во САД веќе се во тек подготовките за вакцинација на млади на возраст од 12 до 16 години, најави американскиот претседател. Агенцијата за лекови ФДА наскоро би требало да донесе одлука за вакцината на Фајзер и Бионтек за оваа возрасна група. Доколку дозвола биде дадена, аптеките и педијатрите би биле подготвени, уверува Бајден: „Сакам родителите во Америка да бидат сигурни: штом ќе дојде најавата, ние сме подготвени да дејствуваме.“

Повеќе:

Фотографија на денот: „Паѓаат маските“ за вакцинираните во САД

Бионтек и Фајзер бараат дозвола за вакцинирање деца постари од 12 години

Првите 100 дена на Џо Бајден– што постигна досега?

Бајден се надева на самит со Путин

Покрај новите цели на американската програма за вакцинација, на прес-конференцијата во Белата куќа се зборуваше и за првото патување на Бајден во Европа нарендиот месец. Американскиот претседател се надева дека ќе дојде до самит со рускиот претседател Владимир Путин. „Тоа е моја надеж и очекување, работиме на тоа“, рече тој.

USA | COVID-19-Impfprogramm | Joe Biden Rede
Се надева на самит со Путин: Бајден на прес-конференцијата во Белата куќаФотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

Путин досега не се изјаснил околу одржување самит со Бајден. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков пред една недела на руската државна телевизија ги обвини САД за „непријателски чекори“. Затоа било тешко да се даде ветување за можен самит на двајцата претседатели, оцени тој.

Првото патување на Бајден во странство ќе биде на самитот на Г7 во Велика Британија, од 11 до 13 јуни, а потоа на средбата на НАТО во Брисел, каде се планира средба на врвот помеѓу САД и ЕУ.