1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Доналд Трамп го тужи Би-Би-Си за десет милијарди долари

ЖА / агенции
16 декември 2025

Американскиот претседател се чувствува неправедно третиран од страна на Би-Би-Си - и сака да биде обилно обештетен. Неговата тужба против британскиот радиодифузер се однесува на контроверзен документарец.

https://p.dw.com/p/55QF3
Американскиот претседател Доналд Трамп
Претседателот на САД поднесе тужба против Би-Би-Си поради монтирани клипови од неговиот говор од 6 јануари 2021 годинаФотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп во суд во Флорида поднесол тужба со која од британскиот радиодифузер Би-Би-Си бара отштета до 10 милијарди долари за клевета и кршење на закон за нефер трговски практики..

Трамп веќе го најави овој потег.  Позадината е документарец на Би-Би-Си од 2024 година, во кој извадоци од неговиот говор од 6 јануари 2021 година се монтирани заедно на таков начин што се создава впечаток дека тој директно ги повикал своите поддржувачи да упаднат во Капитол.

Во говорот, Трамп го повтори често користеното тврдење дека бил измамен на изборите а по говорот, неговите поддржувачи ја нападнаа зградата на Капитол.

Документарецот на Би-Би-Си беше емитуван кратко пред изборите во  САД во 2024 година, во кои Трамп ја победи демократката Камала Харис. По критиките од  Доналд Трамп,   Би-Би-Си се извини,  призна дека е направена грешки, наведувајќи дека ненамерно бил создаден впечаток дека станува збор за единствен, континуиран говор. Инцидентот беше наведен како причина за  оставките на генералниот директор на Би-Би-Си,  Тим Дејви, и раководителката на вестите, Дебора Тернес. Сепак, медиумската компанија не виде основа за тужба за клевета против неа.

Поради неговата улога во упадот во Капитол, Трамп беше обвинет во 2023 година за заговор за попречување на службен акт и измама против Соединетите Американски Држави. По изборната победа на Трамп во 2024 година, Министерството за правда се сметаше принудено да ги отфрли обвиненијата.

Трамп ја тужи Би-Би-Си за милијарди поради монтиран говор од 6 јануари Претседателот на САД поднесе тужба против Би-Би-Си поради монтирани клипови од неговиот говор од 6 јануари 2021 година. Тој бара до 10 милијарди долари отштета по обвинение за клевета и кршење на закон за нефер трговски практики.