1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕП сака пауза во спроведувањето на трговскиот договор со САД

ЕМФ / афп
23 февруари 2026

Европскиот парламент го замрзнува спроведувањето на царинскиот договор помеѓу ЕУ и САД. Овој чекор доаѓа по пресудата на американскиот Врховен суд за царините на Трамп.

https://p.dw.com/p/59H0G
САД Њујорк 2025 | Контејнерски терминал на Стејтен Ајленд, САД
Контејнерски терминал на Стејтен Ајленд, САДФотографија: Charly Triballeau/AFP

По пресудата на Врховниот суд за царините во САД и новите најави од претседателот Доналд Трамп, царинскиот договор со ЕУ од минатата година е ставен на пауза. Широко мнозинство пратеници во Европскиот парламент денеска (23.02) се изјаснија за запирање на спроведувањето на договорот. Парламентот засега нема да гласа за укинување на царините на ЕУ за американски индустриски производи. Европската комисија побара објаснувања од Вашингтон.

Врховниот суд на САД во петокот (20.02) го прогласи поголемиот дел од царините воведени од Трамп за незаконски. Трамп, сепак, најави нови вонредни царини. Тој во петокот зборуваше за десет проценти царини на стоки од целиот свет, а во саботата за 15 проценти. Пресудата на Врховниот суд ја нарече „смешна, лошо напишана и исклучително антиамериканска“.

Со тоа американскиот претседател предизвика неизвесност. Потребни се дополнителни информации од Вашингтон „за да можеме во целост да ја разбереме ситуацијата“, изјави денеска портпарол на Европската комисија. Комисијата, како што се вели, е во контакт со американската влада. И европските и американските компании имаат потреба од „сигурност и предвидливост“.