ТТИП: Гринпис ги објави тајните документи | Свет | DW | 02.05.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ТТИП: Гринпис ги објави тајните документи

Гринпис ги објави досега тајните документи на ТТИП, договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ. Заштитниците на правата на потрошувачите и синдикатите стравуваат од изедначување на еколошките стандарди на пониско ниво

Гринпис ја избра „бината“ на интернет-конференцијата re:publica за да ги објави досега тајните документи на ТТИП

Блогери, политичари, уметници, интернет-активисти и интелектуалци - од денес посетители од цел свет се собираат на тридневната десетта по ред интернет-конференција re:publica во Берлин. Оваа бина Гринпис ја одбра за да ги објави тајните документи за преговорите околу договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ, Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство.

Belgien Greenpeace Protest gegen TTIP

Протести против ТТИП во Белгија

Гринпис во Берлин презентира анализа на ТТИП, а истовремено филијалата на Гринпис во Холандија целосно ги објави документите на интернет. Германските медиуми НДР, ВДР и Зиддојче цајтунг, врз основа на увид во актите, известуваат дека САД во преговорите вршат многу посилен притисок врз Европа отколку што досега беше познато. Преку овој договор на Европа и‘ се закануваат значителни слабеења на еколошките стандарди.

Deutschland Demonstration gegen TTIP und CETA in Hannover

Демонстрации против ТТИП во Хановер, Германија

ЕУ и САД уште од средината на 2013 година преговараат околу ТТИП. Заштитниците на правата на потрошувачите, синдикатите и социјалните организации стравуваат од изедначување на стандардите на пониско ниво. „Она што досега продре во јавност од тајните преговори, звучи како кошмар. Сега знаеме дека тоа наскоро може да стане наша реалност“, предупреди експертот на Гринпис за трговија Јирген Книрш.

Инаку, на интернет-конференцијата re:publica во Берлин нема да се дебатира само за ТТИП. Преку 700 говорници ќе се посветат на темите индустрија 4.0, виртуелната реалност и други теми. Во живо ќе биде вклучен и „свиркачот“ Едвард Сноуден, кој се наоѓа во егзил во Москва.

Реклама