ЕУ со неколку мали санкции за Русија | Свет | DW | 22.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ЕУ со неколку мали санкции за Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ договорија нови санкции против Русија поради затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на крајот од средбата со колегите од ЕУ веднаш призна: „Има и санкции кои ќе бидат воведени за едноставно да се покаже дека не сме подготвени да прифатиме извесни работи без да преземеме мерки“, рече тој. „Така е во случајот Навални.“

Веќе во деновите што доаѓаат треба да се спроведе формална постапка за замрзнување на банкарски сметки и забрана за влез за четворица руски владини службеници.

Санкции со ограничено дејство

Соработникот на Навални, Леонид Волков, кој живее во Литванија, претходно од Брисел побара „целни санкции против луѓето од најблиското опкружување на Путин, најважните луѓе од машинеријата за репресија во Москва“. Но, јасно беше дека до такво нешто нема да дојде. Додуша постојано се зборува за преземање мерки против најважните олигарси во системот, но против такви санкции би можеле да се преземат правни чекори, затоа што тие речиси и немаат директна одговорност за постапките против Навални.

Сега, меѓу другото, треба да се преземат мерки против обвинител, како и против шефот на Управата за извршување санкции. „Во тој дел министрите за надворешни работи имаа единствен став“, нагласи првиот европски дипломат Жозеп Борел. ЕУ сега првпат го користи т.н. „Акт Магницки“, односно механизмот за директно казнување повреди на човекови права.

Ruslland PK Sergei Lawrow und Josep Borrell

Барањата за оставка на Борел во меѓувреме стивнаа

Борел рече дека бил поштеден од натамошни критики од страна на министрите за надворешни работи поради неговото контроверзно патување во Москва пред 10 дена. „Патувањето сепак ни донесе информации за ставот на Русија кон ЕУ“, го правдаше тој своето неуспешно патување. Борел во Москва бешенавистина посрамотен од страна на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција, се покажа како лошо подготвен и лошо информиран. Барањата за оставкана Шпанецот меѓутоа во меѓувреме стивнаа. Критичарите сметаат дека на таков начин само би му се направила услуга на Путин.

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска оцени дека односите со Москва „се сигурно на дно“. Сепак, Русија е неопходна „за да се смират многу меѓународни конфликти“. Многу негови европски колеги го делат ваквиот став. Источноевропските, а особено балтичките држави, бараат поостар однос кон Владимир Путин. Тоа го кочат пред се' Берлин и Париз.