1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Biden
Саливен: САД собираат доказен материјал за да ги тужат Русија и претседателот Путин Фотографија: picture alliance / ASSOCIATED PRESS
Конфликти

САД сакаат да ја тужат Русија

ЕМФ | агенции | АРД
5 април 2022

САД, според сопствени наводи, собираат докази за да ја тужат Русија и претседателот Владимир Путин поради воени злосторства.

https://p.dw.com/p/49So8

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливен, изјави дека САД собираат доказен материјал за да ги тужат Русија и претседателот Путин пред Меѓународниот кривичен суд или друг суд. Според Саливен, сѐ уште нема докази за ужасите во украинскиот град Буча да се оценат како геноцид, но САД се обратиле до повеќе места за да се добијат докази за отворање постапка. Тука се вбројуваат информации кои САД и пријателски држави ги имаат меѓу другото и од тајни служби, набљудувања на Украинците во земјата, сознанија од меѓународните организации, како што се Обединетите нации, како и интервјуа кои се водат од страна на независни медиуми во светот.

Според американското Министерство за одбрана, руските сили се недвосмислено одговорни за злосторствата во украинскиот град Буча. „Мислам дека е прилично очигледно, не само за нас, туку и за светот, дека руските сили се одговорни за ужасите во Буча“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. САД не можат точно да кажат кои единици се одговорни за тоа, но нема сомневање дека злосторства биле извршени и дека се тие дело на руските сили, вели Кирби.

Сателитските снимки објавени вчера би требало да потврдат дека некои од телата пронајдени во Буча биле таму уште пред повлекувањето на руските трупи. Слики со „висока резолуција ги потврдуваат најновите видеа и фотографии во социјалните медиуми, на кои се гледаат тела кои лежат на улица со недели“, изјави портпарол на американската фирма за сателитски снимање Максар Технолоџис.

Во текот на викендот сликите за злосторствата во Буча предизвикаа ужасеност ширум светот. Украина за тоа ги обвинува руските трупи.

Рускиот амбасадор во ОН: Ужасите во Буча се „инсценирани“

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небенсја, оцени дека ужасите во Буча се „инсценирана провокација“. Се работи за „гнасна провокација на режимот во Киев“, тврдеше Небенсја на прес-конференција во Њујорк.

Ukraine-Konflikt - UN-Sicherheitsrat
Василиј Небенсја тврди дека ужасите во Буча се „инсценирана провокација“Фотографија: Jason Decrow/AP/dpa/picture alliance

Тој вели дека руската војска го нема направено тоа за што е обвинета и дека во Украина не се извршени злосторства врз цивили. „Тоа не е случај, тоа не било случај и тоа никогаш нема да биде случај“, рече Небенсја.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Денеска (31.01) во Владата ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари

Мнозинство под ризик - едни да влезат, други да излезат

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница