1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Washington Pentagon Luftaufnahme
Пентагон има воена жешка линија со руското Министерство за одбранаФотографија: Reuters/Y. Gripas
Конфликти

САД и Русија воспоставија воена жешка линија

ЕМФ | дпа
4 март 2022

Американската влада, според сопствени наводи, воспоставила жешка линија со Русија, со цел да се спречат воени инциденти.

https://p.dw.com/p/47zBI

„САД располагаат со низа канали за да разговараат со Русија околу критични безбедносни прашања во случај на нужда“, се вели од американското Министерство за одбрана.

Пентагон, како што се додава, на 1 март воспоставил канал со руското Министерство за одбрана за да се спречат погрешни проценки, воени инциденти и ескалации.

До понеделникот (28.02) Пентагон тврдеше дека нема жешки линии. САД не сакаат да испраќаат трупи во Украина, но се загрижени дека конфликтот со Русија би можел да се прошири на држави членки на НАТО.

Украина бара германски тенкови и подморници

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчеравечер изјави дека „не смее да има конфронтација на НАТО со Русија“. Затоа ниту една НАТО-држава нема да учествува во воениот судир. Директна конфронтација би предизвикала „драматична ескалација на состојбата“, изјави Шолц.

Во меѓувреме, агенцијата ДПА јавува дека украинската амбасада во Берлин од германската влада бара доставување на дополнително оружје и опрема, како тенкови, подморници и борбени авиони. Во вербална нота на украинската амбасада упатена до Канцлерамтот, германското Миниситерство за надворешни работи и Министерството за одбрана, се вели: „Со оглед на тензичната безбедносна состојба поради руската агресија, украинската влада бара што е можно побрза обработка и позитивна проверка на ова барање.“

- повеќе: Дали Русија користи вакуум бомби во Украина?

Барањето на Украина се образлага со тоа дека рускиот претседател Путин почнал „уништувачка војна“ против Украина и Украинците, во која, како што се вели, се користи многу модерно оружје и системи, меѓу кои и касетни бомби со распрснувачка муниција. Освен тоа, како што се наведува, руската страна врши „голем број воени злосторства“. Затоа украинската влада бара „итна помош“ од германската влада, се вели во вербалната нота.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Секоја година на 9-ти декември се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Ден за преиспитување: Поглед врз корупцијата

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница