Руска казна за проевропскиот курс на Република Молдавија | Економија | DW | 27.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Руска казна за проевропскиот курс на Република Молдавија

Русија ја казнува Молдавија за нејзиниот проевропски курс и ја става под економски притисок: отежнат е извозот на вино, овошје и зеленчук, а во прашање е и продолжувањето на визите на молдавските работници во Русија.

И овојпат Русија го води главниот збор: Република Молдавија сноси економска казна за потпишувањето на Договорот за асоцијација и слободна трговија со ЕУ.

Уште веднаш е забрането внесување секакво овошје од Молдавија во Руската Федерација, дури и во личниот багаж. Уште повеќе, Министерството за економија во Москва најави трговски режим според кој молдавските производи, вклучувајќи го виното, овошјето, месото, зеленчукот и пченицата не подлежат веќе на повластени царини, исто како што беше решено и за Украина.

Република Молдавија кон крајот на јуни, заедно со Грузија и Украина, го потпиша Договорот со ЕУ за слободна трговија. Москва тогаш повторно најави дека ќе реагира на проближувањето кон ЕУ на поранешните советски републики, економски и политички. Инаку, ЕУ од пред неколку години е најважниот трговски партнер на Република Молдавија, но Русија останува најголем трговски билатерален партнер на земјата.

Реакции на министерот за земјоделство

Moldawien Wein und Spiritousen

Од пред осум години во Русија не сме да се внесува молдавско вино

Молдавскиот министер за земјоделство Василе Бумацов во сегашната постапка на Москва гледа претерана реакција на потпишувањето на Договорот со ЕУ. „Нам ни беше соопштено дека содржината на извезените конзерви не соодветствува според тежината со наведеното во декларацијата. А притоа ни еден процент од нашиот извоз не е вратен поради рекламација“.

Молдавските производители се совесни и не би си дозволиле такво нешто, вели министерот.

Бумаков настанатата штета поради ембаргото ја проценува на околу 80 милиони евра оваа година, што се многу пари за една мала и сиромашна земја. Тој од своите сонародници побара да се однесуваат слично како и при забраната од Русија за внесување молдавско вино во 2006 година. Тогаш производителите се свртија кон барање други пазари и речиси не беа погодени од руското ембарго. Сега слично треба да се направи и за овошјето и зеленчукот, па „кошмарот брзо ќе биде заборавен“, вели министерот.

Леанка: Руското однесување го јакне односот кон ЕУ

Молдавскиот премиер Јурие Леанка најновиот развој на ситуацијата го гледа како шанса за својата земја:

„Одлуката на Русија да го забрани увозот на овошје, конзерви и месо од Молдавија, ќе го забрза реализирањето на Договорот за асоцијација“, вели тој. Леанка од својата влада побара да започне конкретно со извоз на грозје, јаболка и сливи во ЕУ уште од 1. август, два месеца пред планираното. Леанка предложи и програма за поддршка на земјоделците. Секој ученик, секој војник терба да добие едно јаболко дневно. Преку оваа програма, која владата ќе ја чини околу 10 милиони евра, терба да се покријат дел од загубите предизвикани од руското ембарго. Премиерот вети и други компензации за земјоделците.

Уште есенва ЕУ ќе ги удвои узвозните квоти за молдавскотоовошје и зеленчук, соопшти еврокомесарот за здравство и заштита на потрошувачите, Тонио Борг. Тој потврди дека молдавското овошје и зеленчук ги исполнуваат високите стандарди за овие производи и преку пазарот на ЕУ може да најдат пласман низ целиот свет. Според Влад Филат, шеф на Либералните демократи и екс-премиер, извозот на јаболка во ЕУ ќе биде зголемен на 80.000 тони.

Die Republik Moldau (Moldova) und die Region Transnistrien

Република Молдавија со регионот Транснистрија

Еврокомесарот за земјоделство Дачиан Чолос по разговорот со својот колега Штефан Филе, еврокомесар за проширување и европска соседска политика и со Карел де Гухт, еврокомесар за трговија, изјави дека поради руското ембарго, договорот со Молдавија може да стапи во сила уште пред 1 октомври. Еврокомесарот Чолос ја пренесе желбата на ЕУ да ги поддржи молдавските земјоделци и да го олесни пристапот на нивните производи на европскиот пазар.

Руската следна цел - молдавските „гастарбајтери“

Во Молдавија, како следен чекор на Москва, се очекува протерувањето на молдавските работници кои се на привремена работа во Русија. Сојузот на молдавската дијаспора го обелодени руското стопирање на продолжувањето на работните дозволи замолдавските државјани. Со тоа, околу 265.000 молдавски работници можат да бидат испратени дома, изјави портпарол на Сојузот. Според руската статистика, моментно во Руската Федерација работат меѓу 500.000 и 700.000 Молдавци. Парите кои тие ги испраќаат во татковината се важен извор на приходи за молдавското стопанство. Во 2013 година паричните дознаки од Русија изнесувале околу една милијарда евра, значи околу 19 проценти од молдавскиот брутодомашен производ и половина од сите дознаки од странство.

Ако уплатите на Молдавците од Русија драстично се намалат, во земјата ќе се почувствува намалување на потрошувачката, па се стравува тоа да доведе до влошување на животниот стандард на населението. Од другастрана, протерувањето на молдавските работници од Русија ќе значи пораст на бројот на оние кои ќе бараат работа во ЕУ. МНогумина молдавски државјани, романските официјални извори зборуваат за над 300.000, имаат романски пасош бидејќи имаат романски претци. Со ваков документ можат да бараат илегално работа во ЕУ.

Реклама