1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин ја критикува ЕУ поради испраќањето претставници во Украина

БГ/бета29 јануари 2014

Рускиот претседател Владимир Путин од Брисел ја критикуваше ЕУ поради тоа што во Украина испрати висока делегација за време на антивладините протести, толкувајќи го потегот како политичко мешање.

https://p.dw.com/p/1AylG
Фотографија: Reuters

По завршувањето на самитот ЕУ- Русија во Брисел, Путин отворено го критикуваше пристапот на ЕУ кон проблемот во Украина.

„Можам да замислам каква би била реакцијата на нашите европски партнери доколку среде кризата во Грција или во некоја друга земја, нашиот министер за надворешни работи одлучи да присуствува на антиевропски собир и да ги повика и граѓаните да се придружат“, рече рускиот претседател.

„Повеќе посредници значат и повеќе проблеми. Доколку се земат предвид поединостите од односите меѓу Русија и Украина, тоа е неприфатливо“, рече Путин.

ЕУ испрати повеќе високи претставници, вклучително и високата претставничка за надворешна политика Кетрин Ештон , на состаноци со власта и опозицијата во Украина. Ештон требаше да го посети Киев кон крајот на неделава, но одлучи тоа да го стори предвреме, уште вчера (28.01).

Путин смета дека ЕУ има премногу мек став кон украинската опозиција, оценувајќи дека некои нејзини членови користат расистичка и ксенофобична аргументација за да добијат народна поддршка.