Полуфинале: Кои се адутите на Франција, а кои на Белгија? | Панорама | DW | 10.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Полуфинале: Кои се адутите на Франција, а кои на Белгија?

Извонредни поединци во двете репрезентации, како тим обединети - тоа се Франција и Белгија. Најголемиот број прогнози одат во насока 50:50 проценти шанса за победа на едните или другите.

Извонредни поединци во двете репрезентации, како тим обединети - тоа се Франција и Белгија. Најголемиот број прогнози одат во насока 50:50 проценти шанса за победа на едните или другите.

За Белгија, која во 1986 година не успеа во полуфиналето против Аргентина, победа вечерва би значела и историско влегување во финале на едно СП. Французите, пак, 20 години по триумфот на СП кое се одржуваше во нивната земја и второто место во 2006 година во Германија, сакаат првпат да го освојат светското првенство надвор од татковината. Само еден тим ќе успее.

Еве кои се адутите на Франција:

Тренерот Дидие Дешам оформи колектив од млади играчи, кој во текот на Светското првенство во Русија, исто како и на Европското првенство пред две години, постојано се подобрува. Триколорите играат дисциплинирано, но и со страст и финеси. Брзиот како стрела Килијан Мбапе, дриблерот Антоан Гризман или ексцентрикот Пол Погба - сите можат во рок од неколку секунди да ја разбијат секоја одбрана. Победите против Аргентина и Уругвај уште повеќе ја зајакнаа самодовербата.

Но, никој не се прави премногу важен, зашто „контрол-фрикот“ Дешам тоа веднаш би го казнил. Екипата е на почеток на можна добра ера. Искуствата од СП 2014 во четвртфиналето против Германија и второто место пред две години на ЕП веќе му се од полза на тимот.

Еве во што е добра Белгија:

И оваа репрезетнација е уиграна и располага со извонредни индивидуалци. Од голманот Тибо Куртоа, преку одбранбениот играч Винсент Компани до извонредниот напад околу Кевин Де Бројне и капитенот Еден Азар - тимот е добар во сите негови делови, а квалитетни се и резервните играчи.

Освен тоа, повеќето Белгијци имаат искуство и по разочарувањата од изминатите години - напредуваат. Тренерот Роберто Мартинез со структурата на тимот на натпреварот против Бразил покажа дека го тренира тимот на тактички високо ниво. А, тука му е и ко-тренерот Тјери Анри, кој како француски голгетер-рекордер, знае што да им шепне на напаѓачите.

Најважни дуели досега:

Репрезентациите се среќаваат по 74. пат, но само вторпат на едно светско првенство. Билансот е во полза на Белгија: Црвените ѓаволи победиле на 30 натпревари, а Франција има 24 победи. Нерешено завршиле 19 натпревари. Сепак, најважните дуели во своја полза ги завршила Франција - на СП во 1986 година на натпреварот за третото место таа ги победи Белгијците со 4:2, а во 1938 година, во групната фаза на СП, натпреварот заврши 3:1 во полза на Триколорите. Во групната фаза на Европското првенство 1984-та, Франција постигна резултат од 5:0 против Белгија и подоцна ја освои и титулата.

Реклама