Пенс во Брисел: Соработка и партнерство со ЕУ | Свет | DW | 20.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пенс во Брисел: Соработка и партнерство со ЕУ

САД, како што изјави потпретседателот Мајк Пенс денеска во Брисел, сакаат и во иднина тесно да соработуваат со ЕУ.

„Чест ми е во името на претседателот Трамп да ви ја пренесам обврзаноста на САД кон натамошна соработка и партнерство со ЕУ“, изјави заменикот на Доналд Трамп денеска по разговорот со претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск во Брисел. Пенс е првиот претставник на владата на Трамп во посета на институциите на ЕУ во белгискиот главен град. Трамп постојано ја критикуваше ЕУ како неефикасна и бирократска, Брегзитот го нарече „фантастична работа“, како и дека очекува по истиот пат да тргнат и други држави. 

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск ја поздрави изјавата на Пенс за заедничка соработка. Од својот гостин чул ветувачки зборови за иднината, ЕУ смета на „безрезервна и недвосмислена поддршка“ од владата на Трамп за „идејата за обединета Европа“, рече Туск.

Но, притоа потсети на иритациите предизвикани од изјавите на Трамп. Во минатите месеци „имаше премногу нови и понекогаш изненадувачки ставови околу нашите односи и нашата заедничка безбедност, за да можеме да се преправаме дека сѐ е како и порано“, потенцираше Туск, како и дека на Европејците средбата со Пенс вистински им беше потребна.

EU - USA Mike Pence & Jean-Claude Juncker in Brüssel (Getty Images/AFP/E. Dunand)

Мајк Пенс и Жан-Клод Јункер

Пенс претходно разговараше и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, при што рече дека е во мисија „да ги испита патиштата за продлабочување на односите меѓу САД и ЕУ.“ Пенс се сретна и со првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој порача - не е дојден момент за расцеп меѓу САД и ЕУ, но мора да се разговара на теми кои создаваат впечаток на постоење разлики во мислењата. Зашто, смета Јункер, светската стабилност е во тесна зависност од добрите односи меѓу САД и ЕУ. Двете страни се тесно испреплетени и во економски поглед, „во поголема мерка отколку што мислат некои во САД“. Одговорот на Пенс беше дека се радува на детализирана дискусија со која двете страни ќе направат чекор нанапред.

Потпретседателот на САД попладнево ќе го посети и штабот на НАТО во Брисел. Мајк Пенс на викендот на Минхенската конференција за безбедност најави непоколеблива поддршка на Алијансата. Трамп претходно го нарече НАТО-сојузот „застарен“.

   

DW.COM

Реклама