1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Ukraine / USA - Treffen von Lloyd Austin, Antony Blinken und Volodymyr Zelenskyy
Лојд Остин (л.), Володимир Зеленски и Ентони Блинкен (д.) во Киев, 24.04.2022Фотографија: Ukrainian Presidential Press Service/REUTERS
Конфликти

Остин: Со вистинско оружје, Украина може да победи

ЕМФ | Тагесшау
25 април 2022

Американските министри за надворешни работи и за одбрана, Ентони Блинкен и Лојд Остин, го посетија Киев и ветија натамошни 300 милиони долари воена помош за Украина.

https://p.dw.com/p/4AOe8

Американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин најавија дополнителна американска воена помош за Украина. По средбата на Блинкен и Остин со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, беше соопштено дека САД ќе стават на располагање над 300 милиони долари и ќе продадат муниција во вредност од 165 милиони долари: „Имавме можност директно да ја демонстрираме нашата силна поддршка за украинската влада и народ“, рече Блинкен по заминувањето од Киев, во изјава дадена во близина на украинско-полската граница. „Според наша проценка, беше важно да се биде овде и да водиме директни, детални разговори.“

Остин и Блинкен објавија дека ќе бидат дадени вкупно 713 милиони американски долари странска воена помош за Украина и 15 земји сојузнички и партнери. Од тоа, околу 322 милиони долари се наменети за Киев. Остатокот, околу 400 милиони американски долари, ќе биде наменет за членки на НАТО и земји кои ѝ дадоа на Украина важни воени резерви, соопштија американските власти. Со ова ново ветување за воена поддршка, како што се вели, вкупната американска воена помош за Украина од почетокот на војната достигна 3,7 милијарди долари.

Остин смета дека победата на Украина е можна

Според Остин, Украина може дури и да ги победи руските сили доколку има доволна воена поддршка. „Тие можат да победат ако ја имаат вистинската опрема и вистинската поддршка“, рече Остин. Првиот чекор до победата е да верувате дека можете да победите, изјави американскиот министер за одбрана. Украина е убедена во тоа, вели тој и додава: „Сакаме Украина и натаму да биде суверена земја, демократска земја која е способна да ја заштити својата суверена територија.“

Русија, од друга страна, мора дополнително да биде ослабена, вели Остин. Земјата веќе „загуби многу воени способности“ и загуби многу војници како резултат на војната, додаде министерот за одбрана на САД: „Сакаме Русија да биде ослабена дотаму да не биде веќе способна за нешто како инвазијата на Украина.“

- повеќеТешко оружје за Украина: Кои земји и што испорачуваат?

Министерот за надворешни работи Блинкен додаде дека намерите на Русија во војната против Украина биле неуспешни. „Што се однесува до целите на Русија, Русија веќе не успеа, а Украина е успешна“, рече американскиот државен секретар. Украина, според него, продолжува успешно да се брани од руските напади.

Ukraine / USA - Treffen von Lloyd Austin, Antony Blinken und Volodymyr Zelenskyy
Посетата на Остин и Блинкен на Киев се одржа со посебни безбедносни мерки и беше потврдена од САД дури откако американските министри ја напуштија украинската територија Фотографија: Ukrainian Presidential Press Service/REUTERS

Бајден ја именува Бринк за нова амбасадорка во Киев

Американските дипломати кои ја напуштија земјата пред војната, постепено ќе се вратат, почнувајќи од следната недела, се вели од американски извори. Американскиот претседател Џо Бајден ја назначи сегашната американска амбасадорка во Словачка, Бриџит Бринк за нова амбасадорка во Киев. Одлуката треба да биде потврдена од американскиот Сенат.

- повеќе„Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза“

Амбасадорското место во Киев е официјално празно од 2019 година. Блинкен и Остин беа највисоките американски функционери кои го посетија Киев од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари. Средбата со Зеленски се одржа во неделата (24.04), изјави неговиот советник Олексеј Арестович за украинската телевизија. Посетата се одржала со посебни безбедносни мерки и беше потврдена од САД дури откако Остин и Блинкен ја напуштија украинската територија. На новинарите кои ги придружуваа американските министри не им беше дозволено да известуваат за посетата додека таа не заврши.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Северна Македонија Протест

Кога градот престанува да биде Град

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница