Ослободена една од осомничените за обид за напади во Велика Британија
13 јули 2007Реклама
Британската полиција ја ослободи жената уапсена поради постоење сомневање за вмешаност во обидите за напади од Лондон и Глазгов. Против сопругата на јорданскиот лекар Мохамед Џемил Абделкадер нема да биде покренато обвинение, соопшти портпарол на полицијата. Лекарот и неговата сопруга беа усапени на крајот на јуни. – Во истражен затвор во Австралија сеуште се наоѓа индискиот лекар Ханеф, пет лица за кои постоеше сомнение во меѓувреме се ослобидени.