НАТО бара меѓународна реакција на труењето на Навални | Свет | DW | 04.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

НАТО бара меѓународна реакција на труењето на Навални

По труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, што го оценува како напад врз основните демократски вредности, НАТО побара од Русија да дозволи независна меѓународна истрага.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од Москва побара и целосно отворање на програмата за нервниот гас Новичок пред експертите на Организацијата за забрана на хемиски отрови, ОВЦВ. „Постојат сериозни прашања на кои Русија треба да даде одоговор", изјави Столтенберг денеска по вонредниот состанок на Алијансата по повод случајот Алексеј Навални.

30-те членки на НАТО искажале најостра осуда на „шокирачкиот напад со отров" врз рускиот опозиционер Навални кој е на лекување во болницата Шарите во Берлин. Германија ги информирала сојузниците за истрагата која потврдила дека Навални бил изложен на отров од групата Новичок. Овој вид отров е развиен во 70-те години од страна на советски научници.

Повеќе:

Случај Навални: Меркел го дисциплинира Путин

Новичок: Советскиот отров за елиминација на неистомисленици

Случај Навални: Германија на курс на конфронтација со Русија

Циничниот бизнис со здравјето на Навални

Столтенберг не сакаше да шпекулира околу евентуални санкции против Русија. Меѓу сојузниците и други организации продолжуваат и натаму консултации, истакна тој. Но, употребата на нервен боев отров е „еклатантна повреда на меѓународното право", на која е нужен и „меѓународен одговор."

По труењето со Новичок на рускиот екс-двоен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија во 2018 година, НАТО им ја одзеде акредитацијата на седум руски дипломати. Според Столтенберг, како последица на тоа, максималниот број на руски дипломати кои можат да бидат акредитирани во НАТО е намален од 30 на 20.

 

Реклама