Лавров „носталгичен“ по Студената војна | Свет | DW | 22.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Лавров „носталгичен“ по Студената војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се жали дека односите меѓу САД и Русија се полоши од било кога, дури и во текот на Студената војна некои работи биле подобри, изјави тој во интервју.

Западот е понепријателски настроен кон Русија од било кога досега,  изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за весникот „Комерсант“. Дури и во времето на Студената војна одбивноста не била толку голема како денес, постојат обиди „за казнување на Русија со сите средства“, а првенствено со „апсурдни и неосновани санкции“ или преку „посегање по спортски теми“, тврди Лавров. Рускиот министер го обвинува Западот за оркестрирана кампања против неговата земја.

„Русија има свои црвени линии, а мислам дека сериозните политичари на Запад разбираат дека овие црвени линии мора да бидат почитувани, онака како што беше и во врема на Студената војна“, истакна Лавров.

Зборувајќи за Студената војна во 20. век, Лавров демонстрираше речиси носталгичност: „Во тоа време постоеја барем некои правила, барем трошка џентлеменство. А сега е отфрлена секоја пристојност“.

Повеќе на темата: 

Трамп ги жигоса Кина и Русија

САД ќе ја снабдат Украина со оружје

Западот воведе санкции против Русија поради конфликтот во Украина, ЕУ и САД ја обвинуваат Москва за поддршка на проруските бунтовници во источна Украина. Натамошна причина е руската анексија на полуостровот Крим од 2014. година. А поради допинг на руските атлетичари, се воведени и спортски санкции, во форма на исклучување од учество на спортисти на Олимписките игри.

На викендот Лавров на една конференција на ОН во Њујорк остро ја критикуваше новата одбранбена стратегија на САД. За жалење е што САД сакаат да ја докажуваат својата водечка сила преку конфронтации, а не се потпираат врз дијалог и меѓународното право. Русија, рече Лавров, е спремна за дијалог во врска со воените доктрини.

Претходно американскиот министер за одбрана Џејмс Матис најави дека американските воени сили по еднаипол деценија концентрираност на антитерористичка борба, посилно ќе се фокусираат на Русија и на Кина. Двете земји, од аспект на САД, претставуваат растечка закана и стремат кон создавање свет кој би функционирал според нивните авторитарни модели.

 

DW.COM

Реклама