Кина и САД во кавга поради Северна Кореја | Свет | DW | 29.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кина и САД во кавга поради Северна Кореја

Американскиот претседател го обвини Пекинг дека снабдувајќи ја Северна Кореја со нафта, ги крши санкциите на ОН. Кина демантира.

„Фатени се на дело. Разочарувачки е што Кина овозможува лиферување нафта на Северена Кореја“, напиша американскиот претседател на Твитер. Ако се продолжи на ваков начин,  „никогаш нема да се постигне мирно решение на севернокорејскиот проблем“.  За весникот „Њујорк тајмс“, Трамп појасни дека неговите тврдења се потпираат на телевизиски извештај кој го гледал на Фокс Њус.

Портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека Кина се зафатила со разјаснување на извештајот според кој од кинески брод бил вршен претовар на нафта на севернокорејски бродски транспортер, но констатирала дека споменатиот кинески брод од август не влегол во ниедно кинеско пристаниште. Пекинг не им дозволува на своите граѓани и на претпријатијата да ги прекршуваат резолуциите на ОН, а ширењето вести од ваков вид во никој случај не оди во прилог на градење на меѓусебна доверба и соработка, се вели од Пекинг.

Повеќе на темата: 

Трамп треба да преговара со Ким

Триумфот на Кина, последица на безглавоста на САД

Советот за безбедност на ОН на 22. декември дополнително ги заостри санкциите против Северна Кореја, а предлог-верзијата на резолуцијата подготвена од САД добила претходна согласност од Кина, најблискиот сојузник и снабдувач со нафта на Северна Кореја. Санкциите предвидуваат забрана за лиферување во Северна Кореја на речиси 75 проценти од рафинираните нафтени продукти, како и ограничување на испораките на сурова нафта. Првично САД предлагале забрана од дури 90 проценти. 

Kombi-Bild Trump und Kim Jong Un (Reuters/K. Lamarque/KCNA)

Тензии на релација САД- Северна Кореја: Доналд Трамп и Ким Јонг Ун

Нафтата, меѓу другото, претставува важна суровина за севернокорејската ракетна и атомска програма. Одпоодамна е во сила забрана за увезување јаглен, железо, челик, текстил и морски производи од Северна Кореја.

Денеска претставник на јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека Царината во ноември привремено запленила во Хонг Конг регистриран брод, сомневајќи се дека и покрај актуелните меѓународни санкции, пренесувал нафта за Северна Кореја. Бродски транспортер на тајванска фирма во јужнокорејското пристаниште Јеоцу бил натоварен со 600 тони рафинирана нафта која требало да ја пренесе во Тајван. Но, дел од неа во меѓународни води била претоварена на севернокорејскиот брод „Сам Јонг2“, изјави претставник на Министерството за надворешни ртаботи на Сеул, по што Јужна Кореја извршила претрес на тајванскиот брод поради илегалната зделка.

„Сам Јонг2“ спаѓа во четирите севернокорејски транспортни бродови на кои според најновите санкции на ОН им е забранет пристап во пристаништата.

Тензиите помеѓу САД и Северна Кореја здобија значително зголемен интензитет откако на функцијата американски претседател е Трамп. Доналд Трамп и севернокорејскиот властродржец Ким Јонг Ун минатите месеци постојано влегуваат во жестоки вербални дуели поради серијата севернокорејски ракетни и атомски тестови.

 

 

DW.COM

Реклама