Речиси во исто време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвуваше да оди на заедничка вечера со канцеларката Меркел во Берлин во понеделникот (12 јули), на веб-страницата на Кремљ се појави текст напишан од Владимир Путин. Во него тој ги претстави своите размислувања за „историското единство на Русите и Украинците“ и сака детално да ја образложи неговата неодамнешна забелешка за „една нација“ во две држави.
Резултатот од овие „размислувања“ на Путин се протега на 19 страници, од Средниот век до денес. Еден ден подоцна, Кремљ дури го надополни текстот и ги објави одговорите на Путин на прашањата за неговиот текст на уште осум страници. Од каде овие прашања и кој ги поставил, не пишува никаде.
-
Владимир Путин: Патот до моќта
Кадет на КГБ
Роден во Санкт Петербург во 1952, Путин се пријави во советската раразузнувачка служба КГБ веднаш по завршувањето на правниот факултет во 1975. Негова прва задача бил надзорот на странски државјани и вработени во конзулатите во родниот град, тогаш со името Ленининград Потоа замина на служба во Дрезден, источна Германија. Тој наводно запалил стотици документи на КГБ по падот на Берлинскиот ѕид.
-
Владимир Путин: Патот до моќта
Политички ментор
Лево на фотографијата, младиот Путин стои до тогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатоли Собчак. Тој му беше професор на Путин и го назначи за свој советник за меѓународни прашања. И покрај корупцискиот скандал на почетокот од службата, Путин не ја загуби работата, токму поради пријателството со Собчак.
-
Владимир Путин: Патот до моќта
Метеорски подем
Путин набргу се префрли во Москва. Во 1997 рускиот претседател Борис Елцин му додели среднорангирана функција во неговата администрација- позиција која Путин ќе ја искористи за да создаде важни политички пријателства, кои ќе му бидат од полза во наредните децении.
-
Владимир Путин: Патот до моќта
Смртта на пријателот
Путин беше длабоко потресен од смртта на Собчак во 2000 година. Откако ученикот политички го надмина својот учител, Собчак стана гласен поддржувал на кандидатурата на Путин за претседател на Русија. Една година претходно, Путин ги искористи своите врски за да бидат отфрлени обвинувањата против Собчак за проневера.
-
Владимир Путин: Патот до моќта
Привремен претседател
Во јуни 2000 година, Борис Елцин поднесе оставка, отстапувајќу му на премиерот да стане привремен лидер на државата. За време на успешната претседателска кампања, повторно излегоа на површина обвинувањата за корупција против Путин од времето на неговата служба во Санкт Петербург. Марина Салје, пратеничката која ги изнесе обвинувањата, беше замолчена и принудена да го напушти градот.
-
Владимир Путин: Патот до моќта
Тандемократија
Кога Путин уставно беше спречен да се кандидира за трет последователен мандат во 2008 година, премиерот Дмитри Медведев се кандидираше на негово место. Кога Медведев беше избран, тој го назначи Путин за премиер. Тоа доведе до критики за „тандемократија“ во Москва и многумина беа убедени дека Медведев е марионета на Путин.
-
Владимир Путин: Патот до моќта
Победа
Во март 2018 година, Владимир Путин е избран за руски претседател во четврти мандат. Путин ќе биде на власт и во наредните шест години, со оглед дека претседателскиот мандат претходно беше продолжен на шест години. Избоrите беа засенети од обвинувањата за нерегуларности и манипулации, како и од фактот дека немаше вистинска опозиција на Путин.
Автор: Елизабет Шумахер
Основните пораки на Путин кон Киев
Во блиското минато, рускиот претседател зачестено пишуваше текстови на историски теми, на пример, за Втората светска војна, кои беа објавени во домашните или во западните медиуми. Овојпат, Путин избра поинаков пат: неговиот текст се појави само на веб-страницата на Кремљ иако - и ова е нешто ново - на два јазика, руски и украински. Се чита како темелен документ, своевидна доктрина кон Украина - и буди мрачни претчувства за таа земја.
Повеќе:
-Русија почнува со повлекување на трупи од Крим - што значи тоа за Украина?
-Растат тензиите меѓу Украина и Русија
-Зошто Украинците треба да станат „нови Руси“?
Во овој текст, всушност, нема ништо особено ново: Путин во него за првпат детално ги сумира своите претходни забелешки за Украина. Една од основните пораки гласи: три источнословенски етнички групи - Русите, Украинците, но и Белорусите се всушност „еден народ“, наследници на средновековните киевски Руси. Тој народ бил поделен по распадот на Советскиот Сојуз пред 30 години, а според Путин, денешна Украина во голема мерка е создадена со грабеж на руска територија во 20 век. Виновници се болшевиците кои ја создадоа Украина кога беше основан СССР во 1922 година: „Русија фактички беше ограбена“, пишува Путин.
-
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
Соработка меѓу Украина и Русија - на хартија
„Сите прашања поврзани со Азовското Море и Керчкиот проток треба да се решаваат само со мирни средства заеднички или со договор помеѓу Украина и Русија ...“ Ова се зборовите од преамбулата на Договорот меѓу Украина и Руската Федерација за соработка во користењето на Азовското Море и теснецот Керч, постигнат во 2003 година.
-
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
Конфликти во Керчкиот проток - врз која основа?
Според меѓународното право, трговските и воените бродови треба слободно да пловат во Азовското Море и теснецот Керч. Сепак, по анексијата на Крим од страна на Русија во март 2014 година, реалноста во Азовското Море почна да се движи сѐ подалеку од овој правен принцип.
-
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
ЕУ ја критикува Русија
Ситуацијата се влоши со отворањето на Керчкиот мост, кој ги поврзува Таманскиот и Кримскиот полуостров. Пред тоа, според резолуцијата на Европарламентот од 25 октомври 2018 година, руските инспекции во Азовското Море беа селективни и не го нарушуваа слободното движење на бродови и товар. Но, од пролетта 2018, според прес-службата на ЕУ, Москва демонстративно создава пречки во трговскиот превоз.
-
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
„Прекумерни“ проверки во Азовското Море
Проверките на бродовите од и кон украинските пристаништа руските граничари ги одолговлекуваа по неколку часа. Пристаништата, трговците и превозниците имаа значителни загуби. Според податоците од Киев, од крајот на септември 2018 година, повеќе од 200 бродови биле подложени на интензивни проверки, меѓу кои 120 биле со знамиња на земјите на ЕУ.
-
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
Аргументите на Русија
Во меѓувреме, руската страна ги обвинува Украинците за ескалација во Азовското Море. Така, на крајот на март 2018 година, Украина го запре и потоа го конфискуваше рибарскиот брод „Норд“ во Азовското Море кој е регистриран на Крим.
-
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
Керчката криза
Најголемиот инцидент досега во теснецот Керч се случи на 25 ноември, кога патувањето на украински воени бродови од Одеса кон Азовското Море заврши со гранатирање од страна на руските граничари кои тврдеа дека Украинците нелегално ја преминале руската граница. Сите три украински брода беа запленети и испратени до пристаништето Керч.
-
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
„Нелегално ја преминаа границата и влегоа во територијалните води“
Русата безбедносна служба ФСБ тврди дека украинските бродови „илегално ја преминале границата и влегле во територијалните води на Русија“. На состанокот на Советот за безбедност на ОН, заменикот-амбасадор на Русија, Димитри Појански, присилното запленување на бродовите го образложи со „основано сомнение дека тие превезуваат радикали кои се заканиле дека ќе го кренат во воздух мостот на Керч".
-
Хронологија на поморските тензии помеѓу Украина и Русија
Поморското право ѝ дава право на Украина
Како што вели Даниел-Еразмус Кан, професор на Универзитетот на Бундесверот во Минхен, преминувањето на Керчкиот проток е регулирано на ист начин како и преминувањето на Босфорот или кој било друг морски теснец во светот. „Според Конвенцијата за поморско право од 1982 година, Украина има неограничено право на транзит низ Керчкиот теснецот. За ова, не е потребна дозвола од Русија", вели Кан.
Автор: СН/ дв
Денес, со Украина управува Западот за да ја ослабне Русија. Москва нема да го прифати тоа. „Никогаш нема да дозволиме нашите историски области и луѓето блиски до нас, кои живеат таму да се користат против Русија“, се заканува Путин. На друго место, рускиот претседател е лут на, како што вели, „присилната асимилација“ на етничките Руси во Украина. Ова го поистоветува со употребата на оружје за масовно уништување: „Како последица на таквата груба, вештачка поделба меѓу Русите и Украинците, рускиот народ може да се намали за стотици илјади, па дури и за милиони луѓе“. Ова е првпат ваква споредба да се чуе од Путин.
„Заканите на Путин се опасни“
Виенскиот историчар Андреас Капелер важи за еден од најдобрите познавачи на историјата на Украина и сложените односи меѓу Украинците и Русите, кои ги опиша во својата книга „Нерамноправни браќа“. Тој смета дека ваквите изјави на Путин не се ништо ново, но оти тој станал порадикален во своите ставови. „Во тој напис, тој, на неколку места, јасно се заканува со интервенција на Русија во Украина, што потоа сака да го легитимира со историјата и на други начини“, вели Капелер. „Империјалниот национализам, кој тој секогаш го застапуваше сега е силно збогатен со етнички елементи. Ова е особено опасно“. Бидејќи во тоа се огледа амбицијата на Русија да ги заштити сите малцинства во руското јазично подрачје во другите поранешни советски републики.
Некои извадоци од текстот на Путин може да се протолкуваат како закана со војна, вели Капелер. Основните тези не се однесуваат само на Украина, туку на сите поранешни републики на СССР - но и на Западот. Во дополнителните објаснувања на неговиот текст, Путин вели дека Русија може да прифати само „пријателски настроена Украина“ во рамките на сегашните граници. Историчарот Капелер иронично забележува дека Путин во својата статија не ја споменува главната причина за моменталната напнатост, имено окупацијата на Крим и војната во источна Украина каде Русија ги поддржува сепаратистите - иако Москва упорно го негира тоа.
Австрискиот историчар, Андреас Капелер
Затоа Путин токму сега му се заканува на Киев
Но, зошто Путин, токму сега испраќа ваква порака до Украина? Тој, самиот објаснува дека постојат „индикации“ дека Западот сака да ја направи Украина „антипод на Русија“ - вклучително и воено. Покрај тоа, тој е револтиран од третманот на Киев кон опозицискиот украински политичар Виктор Медведчук, со кого Путин има близок, личен контакт. Украинската истрага, меѓу другото, го обвинува Медведчук за велепредавство и тој во моментов е во домашен притвор во Киев.
Путин е „посебно лут“ на Зеленски поради неговиот став кон Медведчук, смета и рускиот новинар Константин Егерт. Навистина, веќе со месеци Путин не сака да се сретне со неговиот украински ривал, ни билатерално, ниту во рамките на Нормандискиот формат. поттикнат од Франција и од Германија. И не случајно, написот на Путин се појави за време на престојот на украинскиот претседател во Германија и во пресрет на неговата посета на Вашингтон на крајот на месецов.
Досега украинскиот претседател нагласено опуштено се осврнува на написот на Путин. Рускиот претседател немаше време за средба и сега знае со што бил зафатен, изјави Зеленски. Тој најави, дека сепак ќе размисли за неговиот одговор на текстот на Путин.