Избор меѓу Европа и Русија | Политика | DW | 25.11.2004
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Политика

Избор меѓу Европа и Русија

Протестите на опозицијата во Украина против фалсификувањето на претседателските избори продолжуваат и натаму,со тоа што ситуацијата се заострува.Опозицијата се обрати до највисокиот суд во земјата и повика на генерален штрајк. Еден наспроти друг во Украина се двајца луѓе кои тврдат дека станале претседатели.Кои се нивните опции?

Ова е избор меѓу Европа и Русија,меѓу "назад во Советскиот сојуз" и едно "напред кон европската интеграција":вака отприлика ги коментираат претседателските избори во Украина западните медиуми.Виктор Јушченко е прозападен реформатор.Тој пред се е за политика кон Европа.Неговиот противник Виктор Јанукович потекнува напротив од традиционално про рускиот исток на земјата.Неговата политика сосема сигурно ќе цели кон приближување кон Москва,Европа би дошла на второ место.

Вака се претставуваат работите,иако тие во секој случај не се толку едноставни.

И двајцата кандидати се деца на апаратот,како што се вели во Украина.Како и Јанукович,така и Јушченко својот животен пат најголем дел го минал во советско време.Двајцата стекнаа политичка одговорност во времето на претседателот на заминување Леонид Кучма.Комплетна паралела:Јушченко како и Јанукович беа премиери на земјата.

Владината политика во времето на Јушченко од 1999 до 2001 година беше реформски пазарно ориентирана,целеше на либерализација на економскопланско скованите структури.Пензионерите редовни ги добиваа пензиите,Јушченко им објави војна на концентрацијата на моќта во енергетските концерни и на секаде присутната корупција.Јушченко уживаше голема популарност како премиер.Важеше за консеквентен и самостоен.Од власт го симна изгласувањето недоверба во Парламентот,каде не успеа во справувањето со олигарсите и владечаката политичка класа на Кучма.

Јанукович,кој стапи на должност во 2002 година, напротив во очите на народот е фигура без самостојност.Му недостасува харизма,мислат многумина.Се држи затворено пред новинарите,во негово време медиумите се под државно влијание,расте притисокот врз службениците во јавните служби. Тоа што следуваше беше највалканата изборна борба што Украина некогаш ја доживела.

Зад 54 годишниот премиер стојат големите концерни и мнозинството во индустриското руско говорно подрачје на истокот.Тој има направено типична советска кариера,од механичар до инженер,економист и правник.Во неговата биографија има и мал неубав детал:како млад стигнал зад решетки поради телесна повреда,иако пресудата во меѓувреме е повлечена.Главните аргументи на Јанукович се стабилност и економски раст,јасна ориентација кон Русија.

На Јушченко во претседателската кампања му се префрлуваше дека е американски шпион поради неговата сопруга-Американка.Тој со недели страда од симптоми на труење.Неговите следбеници се сомневаат на напад на тајните служби.

Секој украински претседател меѓутоа би требало да следи надворешна полтика ориентирана на повеќе страни,зашто Украина е класична транзитна земја.

Главната разлика меѓу двајцата претседателски кандидати:за времето на Јанукович дојде до јакнење на моќта на државниот апарат,додека владееше Јушченко решавачки чекори во правец на демократија и правна држава.Во крајна линија прашањето за кандидатите е прашање на политичката култура,на кое не мпжат да бидат рамнодушни ниту западот ниту луѓето во Украина.