Затворска казна за ек-советникот на Трамп, Пападопулос | Свет | DW | 08.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Затворска казна за ек-советникот на Трамп, Пападопулос

Поради давање лажна изјава пред ФБИ за своите руски контакти, поранешниот советник на Трамп во изборниот штаб, Џорџ Пападопулос, доби двенеделна затворска казна.

Суд во Вашингтон изрече двонеделна затворска казна за 31-годишниот Џорџ Пападопулос поради давање лажен исказ. Освен тоа, тој треба да плати парична казна од 9500 долари и да изврши 200 часа општокорисна работа. „Во истрагата која е од големо значење за националната безбедност, Пападопулос кажал лаги“, соопшти судот. Поранешниот советник во изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп пред извесно време призна дека ја излагал американската ФБИ во врска со своите контакти со Русија.

За време на претседателската изборна кампања во САД во 2016. година, Пападопулос се обидел да аранжира средба помеѓу Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, но без успех. Освен тоа, тој се сретнал со информанти поврзани со руската тајна служба, во намера да собере материјал за кампања против демократската ривалка на Трамп, Хилари Клинтон. 

Однесувањето на екс-советникот го наведе ФБИ на почнување истрага за евентуалните контакти на тимот на Трамп со Русија, а во меѓувреме со тоа се занимава специјалниот обвинител Томас Милер, на големо негодување на американскиот претседател.

Повеќе: 

Оружје, пари и агентка на Кремљ

САД: Русија замешала прсти во претседателските избори

Според американските медиуми, Пападопулос ја иницирал истрагата на тој начин што во мај 2016. година во бар на еден австралиски дипломат во Лондон му открил дека Русија поседува компромитирачки информации за Клинтон во форма на имејли. Кога два месеци подоцна Викиликс ги објави хакираните електронски пораки на Демократската партија, австралискиот дипломатски службеник ја информирал ФБИ за изјавите на Пападопулос.

Washington national security meeting George Papadopoulos mit Trump (Donald Trump's Twitter account via AP)

Трамп тврди дека не го познава Пападопулос, иако седел на иста маса со него

Доналд Трамп во меѓувреме се дистанцираше од својот поранешен соработник, тврдејќи дека тој имал само функција на „волонтер од понизок ранг“.

Притоа, како претседателски кандидат, Трамп во еден разговор со „Вашингтон пост“ го претстави Џорџ Пападопулос како дел од својот надворешнополитички тим. „Џорџ Пападопулос е советник од областа на нафтената индустрија и енергетиката, тој е одличен човек“, изјави Трамп во таа прилика.

Вчера пак Трамп на новинарски прашања негираше воопшто и познанство со Џорџ Пападопулос, го видел само еднаш на фотографија на иста маса со себе, тврди претседателот.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама